logo
logo
logo

ЖЕНА ХЕРОЈ: По тешка повреда на рбетот останала инвалид, но ги надминала сите пречи и еве денес што прави (ФОТО)

Vecer | 15.05.2021

ЖЕНА ХЕРОЈ: По тешка повреда на рбетот останала инвалид, но ги надминала сите пречи и еве денес што прави (ФОТО)

Откако останала инвалид поради повреда на рбетот со која се здобила од сообраќајна несреќа животот на Кристина Грбовиќ од Чачак се сменил преку ноќ.

Првичниот шок го заменила со постојаната борба да се избори со своите мисли а потоа и со бројните предрасуди. Иако и било премногу тешко, сепак таа успеала.

-Тешко е кога ќе сфатите дека повеќе нема да можете да одите, но пред вас се два избори. Да се борите или да се откажете и да тонеше од ден за ден. Јас го избрав вистинскиот пат бидејќи имам ќерка која ми беше најголема поддршка. Поради ќерка ми Магдалена знаев дека не смеам да се откажам и го продолжив животот нормално. Денес ги извршувам сите мои обврски од инвалидска количка, вели Кристина.

Во вакви тешки моменти, волјата и карактерот на поединецот се клучни а за тоа е сведок Кристина. Таа и покрај тешката судбина никогаш не ја симнува насмевката од лицето и е човек кој постојано им помога на луѓето.

Од неодамна е и член на Здружението на лица со попреченост во Србија а е и студент на Академијата на млади лидери со попреченост при националната организација OSI.

-Ангажирана сум на проектот “Се уште возам” како предавач. Целта на проектот е да се зголеми безбедноста на младите во сообраќајот. Ништо не ми е тешко, едноставно секогаш наоѓам мотив да се борам. Сакам да им помогнам на сите кои се во слична ситуација и да ги мотивирам да продолжат да живеат понатаму, вели таа.

Вниманието и покажувањето чувства за оваа мајка се клучот за успехот без оглед кога и каде започнува борбата за која вели јасно е дека нема откажување.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk