logo
logo
logo

Египќаните открија „НОВА“ ПЛАНИНА (ВИДЕО)

Vecer | 14.05.2021

Египќаните открија „НОВА“ ПЛАНИНА (ВИДЕО)

Фотографии на луѓе кои уживаат во снежните предели кои се спуштаат по планини прекриени со снег, не се невообичаени, сепак, такви фотографии од Египет, за многу кратко време  станаа атракција и се раширија на социјалните мрежи.

Си-Ен-Ен јавува дека оваа земја на Блискиот исток ретко гледа дожд, а камоли снег. Но, овие  фотографии не покажуваат ненадеен почеток на зимско време во Египет, туку необична туристичка атракција, создадена со преработка на сол во Порт Фуад, која се наоѓа на северниот крај на Суецкиот канал.

Солените планини на Порт Фуад станаа светски познати откако на социјалните мрежи се проширија фотографии од луѓе кои се симнуваат низ нив. Соодветно на тоа, голем број Египќани доаѓаат од различни делови на земјата, само за да уживаат во пејзажот.

Египетскиот фотограф Мохамед Вардани, кој е и автор на фотографиите, за Си-Ен-Ен изјави дека планините личат на снежните врвови на Северниот пол. Неговата работа е дел од тековниот проект на гледање на Египет од поинаква перспектива, како и откривање на туристичкото и културното наследство на тоа место, бидејќи беа занемарени поради повеќе познати атракции, како што се пирамидите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk