logo
logo
logo

Што НЕ ТРЕБА ДА КУПУВАТЕ преку Интернет

Vecer | 13.05.2021

Што НЕ ТРЕБА ДА КУПУВАТЕ преку Интернет

Новото време ни донесе поголеми можности за а купување преку Интерент. Сега луѓето може да си нарачаат речи се и истото да им стигне на врата .Онлајн шопингот стана особено популарен за време на пандемијата кога луѓете беа затворени по дома.

Иако дел од тие навики се уште се тука сепак има некои работи што не се препорачува да се купуваат преку Интернет, или доколку сте решени да внимавате максимално.

Козметика

Бројни онлајн продавници нудат фалсификувана брендирана шминка и парфеми, затоа не купувајте козметика преку Интернет, освен ако не е доверлива продавница. Покрај тоа, најдобро е да купувате козметички производи во аптеките, бидејќи на тој начин можете да ги тестирате и да бидете сигурни дека ви одговараат.

Детски чевли

Бидејќи нозете на децата растат толку брзо, подобро е да одите во продавница отколку да купувате чевли или патики преку Интернет кои можеби нема да им чинат. Децата се особено пребирливи кога станува збор за чевлите, така што ќе заштедите време, напор и пари со одење во продавницата каде што детето ќе може да проба чевли.

Автомобил

Автомобилот не е мал трошок, и пред да го купите, треба да го пробате и разгледате. Без разлика дали купувате нов или половен автомобил, правилото е да одите на тест возење за да бидете сигурни дека навистина сакате да го купите тој автомобил.

Музички Инструменти

И ова е сериозна инвестиција, затоа не треба да ризикувате со купување преку Интернет. Покрај тоа, секој инструмент е различен, а на почетниците им се препорачува да одат во специјализирани продавници и да побараат помош и совет од вработените при изборот на инструмент.

Мебел

Иако многу продавници за мебел нудат попусти или бесплатна испорака ако купувате преку Интернет, можеби сепак сакате прво да го посетите нивниот салон. Така, можете да го испробате мебелот за да бидете сигурни дали е навистина тоа што сакате да го купите.

Душеци

Душеците се исто така доста скапи, и бидејќи ова е долгорочна инвестиција, прво треба да отидете во продавницата и да го пробате душекот што ве интересира. Најдобро е да пробате неколку од нив додека не ја пронајдете онаа што ви одговара и по цена и удобност.

Костим за капење

Костимот за капење е една од работите што никогаш не треба да ја купувате преку Интернет, бидејќи можеби не ви одговара како што изгледа на моделот на сликата. Сè зависи од марката, материјалот и стилот, а откако ќе го купите преку Интернет, продавачите генерално не нудат поврат и замена.

Лекови

Според Светската здравствена организација (СЗО), повеќе од 50 проценти од лекови купени преку Интернет се фалсификувани и често содржат небезбедни состојки, како што е борна киселина. Побезбедна опција е да купите лекови во аптека каде што можете да разговарате во живо со фармацевт доколку се сомневате.

Користена електроника

Купувањето на користена електроника преку Интернет е секогаш ризично и генерално не вреди. Повеќето продавачи наведуваат дека уредите се точни или скоро неискористени, но во реалноста тоа обично не е така.

Очила

Обично ќе носите очила секој ден и затоа сакате да бидете сигурни дека навистина ви одговараат и дека ви се допаѓаат. Но, ако ги купите преку Интернет, не можете да ги испробате за да можете лесно да завршите со очила што не ви одговараат и не ви се допаѓаат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk