logo
logo
logo

Агонијата на една мајка: Абортусот не успеа, го родив мојот син и го гледав како умира!

Vecer | 12.05.2021

Агонијата на една мајка: Абортусот не успеа, го родив мојот син и го гледав како умира!

Лорен Денисон, мајка на три деца на своја 27 годишна возраст останала бремена со четврто дете.

Меѓутоа во 15та недела од бременоста на една од редовните контроли дознала дека бебето има Едвардсов синдром кој е исклучително ретка меѓутоа многу сериозна состојба.

-Докторите ми соопштија дека моето бебе боледува од Едвардсов синдром, што значи дека ќе умре пред или непосредно по породувањето, вака Лорен ја започнува својата исповед за “San”.

Лорен и нејзиниот сопруг Скот Вотсон поминале болен период и по долго време размислување се одлучиле за медицински абортус, односно комбинација на лекови кои би требало да ја прекинат бременоста.

Лорен таблетите ги испила на 6ти април а на 8ми април се вратила во Одделот за жени и новороденчиња во општата болница во Барнли.

-Јас и мојот сопруг се простивме од бебето на 6ти април. Кога бев примена во болницата за даа ми биде извршено индуцирано породување мојот син се роди жив. Кио Блу Вотсон имаше само 150 грама, а јас бев приморана да гледам како срцевиот ритам му се забавува, вели таа.

Лорен и открива дека мислела дека најтешкиот дел од ваквата трагична приказна е кога решила да абортира, меѓутоа породувањето било 10 пати потешко.

-Ниту еден од докторите не се надеваше дека ќе се роди жив. Кога мојот сопруг го зема во раце по породувањето, извика “Срцето му чука”. Докторите беа во шок и ми кажаа дека срцето ќе престане да ми чука во наредни 30 минути. Јас непрекинато повторував дека мојот Кио е жив. Ги прашав дали туку така ќе го остават да умре. Тие само кратко ми потврдија, додава Лорен.

Таа и открива дека гледала како животот го напушта телото на нејзиниот син.

Само сакам да знаат и другите жени

Додека синчето било живо, неутешните родители успеале и да го крстат. Таа вели дека со нејзината исповед не сака да убедува некого во тоа што е правилно, а што погрешно туку едноставно сака да предупреди на опасноста.

-Само сакам и другите мајки да знаат, во случај да имаат иста ситуација со апчињата за абортус. Кога ја испив првата таблета на 6ти април, ми велеа дека бременоста ќе запре, односно дека срцето прекинува да чука. Докторите не го проверија отчукувањето на срцето пред да ме породат. Гледајќи од денешна перспектива требаше да побарам преглед. Не можам да ви опишам колку беше грозно тоа што го преживеав, говори Лорен.

Синдромот Едварс е ретка состојба а оние бебиња кои страдаат од овој синдром најчесто умираат неколку часа по породувањето. Смртта настанува како резултат на вишокот број на хромозоми. Истражувањата велат дека само 13 бебиња од 100 успеваат да преживеат но само до нивниот прв роденден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk