logo
logo
logo

Ова се НАЈСУРОВИТЕ начини на кои се изведувала СМРТНА КАЗНА низ историјата

Vecer | 09.05.2021

Ова се НАЈСУРОВИТЕ начини на кои се изведувала СМРТНА КАЗНА низ историјата

Издржувањето на затворска казна денес, во споредба со начинот на казнување на прекршителите на законот низ целата човечка историја, се чини како шега. Со цел да се искорени криминалот, покрај лишувањето од слобода, криминалците најчесто биле казнувани со сурови методи. Покрај познатите бесење, електрична столица, гилотина, постоеле многу посурови начини.

Пржење до смрт

Готвењето осуденици во огромен бронзен бик е начинот на кој античките Грци ги казнувале криминалците. Под бронзениот сад горел оган и несреќниот човек полека и болно ќе умрел во него. Страшните звуци на смртната агонија стигале до џелатот преку цевките кои се наоѓале во носот на бикот.

Набивање на колец

Осудениците биле поставени така што, како што паѓале на колецоот, ќе ги прободел низ стомакот или гениталиите. Тие трпеле неподнослива болка и умирале во страшни маки.

Слонови убијци

Во средниот век, слоновите биле обучувани да стојат со едното стапало на главата или торзото на осуден криминалец и со помош на „зашилени сечила поставени на нивните стапала тие ги убивале. Тоа бил вообичаен метод на казнување низ средновековна Јужна и Југоисточна Азија, а во Индија егзекуциите се вршеле на овој начин се до средината на 19 век.

Заробеништво

Криминалецот би бил сместен во ограден простор, без можност за излез, без храна и вода и на крајот би умрел од глад. Овој метод е претходник на доживотен затвор. На овој начин, во областа на денешна Шпанија, биле казнувани прељубниците.

Скафизам

Античкиот персиски метод на тортура на кој биле осудени сериозни криминалци, убијци и предавници бил извршен во мочуриштата. Осудените ги обложувале со млеко, мед и измет и ги оставале врзани во шупливи дрвја. Живееле така со денови, додека од нив се хранеле крвожедни инсекти и бубачки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk