logo
logo
logo

Порано децата можеа да ги прават овие работи, СЕГА СЕ НЕЗАМИСЛИВИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ

Vecer | 09.05.2021

Порано децата можеа да ги прават овие работи, СЕГА СЕ НЕЗАМИСЛИВИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ

Порано се живееше побезгрижно е една од најчестите рееници кои ги слушаме во ова денешно турбулентно време. Во минатото и децата и родителите беа послободни, па многу тогашни навики сега се незамисливи.

И не станува збор дека родителите тогаш биле невнимателни, туку времето си ги носи своите предизвици и мерки на претпазливост.

Иако често се чини дека детството во осумдесеттите години било безгрижно, повеќето родители денес не може да замислат да им дозволат на своите деца она што го правеле.

Ова се само некои од работите што се незамисливи за денешните родители ...

  1. Ги остава децата да останат дома сами

Пред неколку децении, беше вообичаено родителите да ги оставаат своите деца сами дома додека не се вратат од работа. Многу деца сами се враќаа од училиште, работеа домашни работи, а некои дури и подгтоотвуваа јадења за себе.

Овие денови, повеќето родители дури и не дозволуваат мали деца да бидат сами во бањата, а особено не би оставиле шестгодишни деца сами дома.

  1. Ги пуштаа децата да возат велосипед без кацига

Не е дека кацигите не постоеле, но децата никогаш не ги носеле, но родителите не се мачеа толку многу ако детето падне. Децата кои носеа беа малцинство.

  1. Ги возеа во автомобил без детско седиште

Да, детски седишта постоеја и тогаш, но повеќето родители не ги користеа. Денес, родителите се толку исплашени од сите можни и невозможни сценарија што седиштата за автомобили се едноставно задолжителна опрема во секој автомобил, но и истите влегуваат во законските рамки.

  1. Ги пушта децата да играат каде било

Денес, родителите не само што не ги оставаат своите деца да си играат сами, туку гледаат и каде играат децата и со што си играат. Специјално заштитени лулашки и играчки изработени од специјални материјали. Обичните уреди за играње во паркот станаа заштитени, а површините на кои се наоѓаат се прилагодени за деца.

Родителите во 80-тите години на минатиот век не би ги виделе своите деца неколку часа се до вечерта и ги оставаа да играат безгрижно.

  1. Не се замараа толку што јадеа децата

Во тие години беше важно да се биде практичен и детето да не е гладно. На тоа во голема мера помогна и фактот дека здравата храна беше многу подостапна, а родителите имаа повеќе време да се посветат на готвењето. Денешните родители честопати се принудени да им даваат на своите деца готови јадења, како решение да посегнат по пекара.

Сепак, има и такви родители кои детално ги проучуваат состојките, се држат до количините и часовите кога јадат.

  1. Им дозволува на децата да пијат вода од градинарски црева

Понекогаш, кога децата беа жедни, тие пиеја вода од градинското црево, директно од фонтана и слично, без никакви проблеми. Сепак, се покажа дека не е најбезбедна опција поради токсичните хемикалии што можат да се најдат во цревата.

Денес, родителите се грижат особено децата да пијат вода во шишиња надвор, а бокалите со филтри или прочистувачи се вообичаени во домаќинствата.

  1. Дозволува постарите деца да се грижат за своите помлади браќа и сестри

Претходно, родителите им дозволуваа на своите постари деца да се грижат за помалите браќа и сестри.

Денес, родителите ретко кога дозволуваат осумгодишници да останат сами со тригодишни деца.

  1. Им дозволув на децата да гледаат сомнителни филмови на телевизија

Во тие години, децата гледаа сè на телевизија и често се случуваше да ги знаат најпопуларните романтични или хорор филмови напамет уште во основното училиште. Денес, покрај фактот дека постојат родителски контроли, се ограничува и што гледат децата.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk