logo
logo
logo

“МАМИНИ СИНОВИ“: Истражувањето открило интересна предност

Vecer | 08.05.2021

“МАМИНИ СИНОВИ“: Истражувањето открило интересна предност

Ако се плашиш дека вашето дете е премногу “мамин син“, подгответесе дека срцето ќе ви експлодира од радост. Стручњаците откриле интересна предност во воспитувањето.

Сеучилиштето Харвард објавило Голема студија за тоа што ги прави машките среќни. Заклучок кој се наметнува е дека “мамини синови“, односно мамините мази многу повеќе се поуспешни во работата и заработуваат од мажи кои немале толку близок однос со својата мајка во детството.

Студијата е започната 1938 година, а следи 268 студенти од машкиот пол од најраните до повозрасни години. Тестирањата се прават секоја втора година и без сомневање е една од најдолгите и најпрецизните студии на човечкиот развој во историјата.

Разликата во платите на мамините мази и нормалните студенти е во просек од 87 илјади долари на годишно ниво. Исто така, студијата докажала дека машките кои имале близок однос со својата мајка повеќе се успешни во кариерата како годините одминуваат. При тоа, ако имале лош однос со мајката во детството зголемен е ризикот од деменција во повозрани години.

Во меѓувреме, поврзаноста во односот на младиот маж со својот татко, успех во кариера не постигнува. Добра врска меѓу син и татко подоцна во животот се манифестира со поголем степен на задоволства во животот и со намалено ниво на конфронтирање.

Во книгата “Триумф на искуство, Мажи од Харвардова Голема студија“, која ја напишал Ѓорѓ Вилант, долгогодишен директор на студијата, објаснети се во заклучоците како и односите, кои научниците ги докажале.

Интересен е заклучокот во еден дел од студиата кој се однесува на претерано конзумирање алкохол. Мажи кои внесуваат поголема количина алкохол се најнесреќни, кај нив процентот на смртност е голем, разводи, депересија и неуроза. Либерални мажи практикуваат повеќе секс и најважно од се, висок IQ не е поврзан со со високата плата.

Др. Џорџ Вилант, кој ја водел студијата 42 години, смета дека клуч за упехот е љубовта. “75 години и дваесет милиони долари потрошени на студијата, констатиран е еден заклучок. Среќата е љубов. Точка“, изјавил Вилант.

 

Ние, социјалистичките шизици

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk