logo
logo
logo

Татко пред смртта и напиша книга на неродената ќерка: НЕ МОРА ДА ЖИВЕЕШ КАКО ДРУГИТЕ

Vecer | 07.05.2021

Татко пред смртта и напиша книга на неродената ќерка: НЕ МОРА ДА ЖИВЕЕШ КАКО ДРУГИТЕ

Во трогателна книга наменета за неродената ќерка, еден татко кој имаше тумор на мозокот и кој на крајот почина само неколку недели пред нејзиното раѓање и напиша: „Смеј се секој ден и порасни сонувајќи“.

Скот Фергусон од Сиднеј, Австралија, почина на 31 март на само 33 години, а неколку недели подоцна, на 27 април, се роди неговата ќерка Исла. Бидејќи се поставуваше прашањето дали тој некогаш ќе ја запознае, тој пред својата смрт и напиша книга на својата ќерка која никогаш не ја запозна, а починала од рак само неколку недели пред нејзиното раѓање.

Чувствувајќи дека се ближи смртта, Скот напиша писма и сними видеа за целото свое семејство. Но, тој напиша книга за својата ќерка. Делови од книгата ги објави телевизиската станица „7News“.

„Следи ги своите соништа. Не мора да живееш како сите други. Твоите мајка и татко секогаш ќе бидат горди на тебе, без оглед на сè. Додека се смееш еднаш на ден, сè ќе биде добро", напиша Фергусон во книга за неговата ќерка.

Тој исто така напиша: „Кога ќе се омажиш, знај дека ќе бидам со тебе и дека ќе те следам низ олтарот“, напиша тој.

Во 2018 година, Скот имаше незгода во трговски центар и беше пренесен во болница. Таму лекарите му ја соопштија ужасната вест - дека има глиобластом, тумор на мозок, во четвртата фаза и дека е агресивен и рапидно расте. Лекарите предвидуваа уште најмногу 18 месеци, доколку има среќа.

Откако дозна за туморот, Скот беше подложен на две операции, дури 56 пати на зрачење и 10 месеци на хемотерапија. Лекарите беа изненадени од тоа колку неговата состојба се подобри во тие години.

Парот  се венчаше во 2019 година, а 10 месеци подоцна започнаа со вештачко оплодување.

Кога дозна дека Џејми е бремена, беа воодушевени, пишува британски „Сан“.

Во меѓувреме, Скот изгуби контрола над левата страна на неговото тело. Набргу потоа, на 31 март, почина во мир дома, опкружен со семејството и бремената сопруга.

„Јас сум целосно скршена, Скот почина. Без болка, како што тој сакаше. За време на целото ова патување, Скот беше неверојатен, се бореше до последниот здив. Во ниту еден момент не се откажа, тој се грижеше за мене и за своето девојче“, рече Џејми.

„Тој би бил прекрасен татко“, изјави таа за 7News.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk