logo
logo
logo

Со правило „30 дена“ ЌЕ ЗАШТЕДИТЕ МНОГУ ПАРИ

Vecer | 05.05.2021

Со правило „30 дена“ ЌЕ ЗАШТЕДИТЕ МНОГУ ПАРИ

Штедењето на пари не е лесно, особено ако имате ограничени приходи и големи фиксни трошоци. Но, понекогаш навистина трошиме повеќе отколку што треба, односно на работи за кои подоцна се каеме.

Без разлика дали се обидувате да заштедите за дом, патување, едукација или за „црни денови“, одвојувањето на дел од вашата плата секој месец може да биде предизвик. Постои правило „30 дена“, што може да биде потенцијално решение.

Правилото за заштеда од 30 дена е едноставна стратегија што може да ви помогне да ја намалите потрошувачката на импулс и да ги зголемите заштедите. Еве како функционира:

Следниот пат кога ќе се „уловите“ како размислувате за импулсен шопинг или едноставно да купите нешто што не ви треба (прочитајте: потребно), излезете од продавницата или од онлајн продавницата (со затворање на прозорецот на компјутерот).

Поентата е дека следејќи го правилото за заштеда од 30 дена, ги одложувате сите ирелевантни набавки за тие 30 дена. Наместо да трошите пари на нешто што можеби не ви треба, имате еден месец да размислите за тоа. На крајот од тој период, доколку сепак сакате да ја направите таа набавка, слободно направете ја.

Алтернативно, ако целосно заборавите на таа набавка или одлучите дека не вреди за вашите пари, еве ви дополнителни пари во џебот што можете да ги оставите настрана. Ако сето ова звучи премногу добро за да биде вистина, размислете уште еднаш.

Она што го прави правилото за заштеда од 30 дена толку посебно е неговата едноставност. Принудувајќи се да чекате за сите важни неважни набавки, ги отстранувате емоциите од трошењето за да можете да заштедите што е можно повеќе.

Се разбира, ова правило функционира само ако се држите до своите верувања и чекате цел период од 30 дена. Иако честопати мислиме дека треба да имаме комплексен повеќеслоен план за инвестиции за да успееме да заштедиме, понекогаш е потребно само да ја ограничиме сопствената потрошувачка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk