logo
logo
logo

Работа од дома - Како ги мотивираше вработените, И КОЈ Е ГЛАВНИОТ ПРОБЛЕМ

Vecer | 30.04.2021

Работа од дома - Како ги мотивираше вработените, И КОЈ Е ГЛАВНИОТ ПРОБЛЕМ

Во ново истражување во кои учествуваа повеќе од 30.000 американски работници укажа дека главниот недостаток на работа од дома, е долгото работно време.

Кога избувна пандемијата минатата пролет, милиони вработени мораа да се прилагодат на работа од дома, а потоа со текот на времето тоа стана нормална појава.

Блумберг пишува дека според новото истражување, работата од дома, всушност, влијае на повисоко ниво на продуктивност.

Во корпоративниот свет, мислењата сè уште се поделени, иако е јасно дека на многумина им одговара пофлексибилен систем на работа, додека други страдаат од социјализација и состаноци во живо.

Тековна студија вели дека продуктивноста во економијата на САД ќе се зголеми за 5%, како резултат на работа од дома, односно најмногу заради заштеди затоа што нема одење на работа.

Исто така, се покажа дека присилното усвојување на нови технологии, што беше неизбежно заради пандемијата, ќе има повеќе придобивки за економијата на оваа земја. Многу големи компании го прифатија овој систем на работа, како рамноправен, но не и извршниот директор на „Голдман Сакс Груп АД“, Дејвид Соломон.

Тој верува дека банкарите мора да се вратат во своите канцеларии, за да можат да работат како порано, т.е. тој работењето од дома го нарече „привремено решение“. Од друга страна, Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук, вели дека можноста за ангажирање на далечински инженери отвори нови бази за таленти.

Повеќе од 30.000 американски работници учествуваа во споменатото истражување, но главниот недостаток на работа од дома - за вработените - останува подолгото работно време. Резултатите во моментов покажуваат дека бројот на работни часови ќе се зголеми од пет на 20% во текот на неделата.

Многу компании веќе долго време најавуваат дека ќе им понудат пофлексибилни опции за работа на своите вработени и затоа или откажуваат некои постојни закупи или не бараат нов деловен простор. Твитер се истакна по тоа прашање, бидејќи ја одобри можноста за неограничена работа од дома и по кризата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk