logo
logo
logo

Докажано, ЖЕНИТЕ САКААТ ЛОШИ МОМЦИ, а еве зошто е тоа така

Vecer | 28.04.2021

Докажано, ЖЕНИТЕ САКААТ ЛОШИ МОМЦИ, а еве зошто е тоа така

Дека мажите и жените се од различни планети, барем кога станува збор за тоа што ги привлекува кај спротивниот пол, покажа најновото истражување кое покажа дека жените преферираат „лоши момци“, а насмеаните и весели момци паѓаат во втор план.

За мажите е обратно, па затоа им е многу полесно да се интересираат за насмеани и опуштени дами, отколку горди и „ледени кралици“.

Студија на универзитетот Бритиш Колумбија во Ванкувер, чија цел е да објасни зошто жените ги привлекуваат „лошите момци“, вклучила 1.000 испитаници.

Мажите и жените биле вклучени во студијата и рангирале фотографии од спротивниот пол според физичката привлечност.

Се покажало дека жените сметаат дека насмеаните мажи се помалку привлечни од замислените и со сериозен израз на лицето.

За разлика од нив, мажите повеќе ги привлекуваа жени кои изгледаа среќно отколку оние кои имале загрижен или сериозен израз на лицето.

Еволуцијата и културата влијаат врз изборот

Силата на привлечноста во нашата потсвест е обликувана со векови.

Еволутивните и културните аспекти имаат одредено влијание врз овој избор. Теориите сугерираат дека жените многу повеќе ги привлекуваат мажи кои покажуваат гордост, затоа што тоа подразбира социјален статус, а со тоа се дава некаква гаранција дека тој ќе може да ја обезбеди својата сопруга и потомство.

Како што е наведено во истражувањето, и социо-културните и психолошките норми можат да влијаат на перцепцијата на привлечноста. Насмевката може да се поврзе со недостаток на доминација.

Така, мажите ја доживуваат насмеаната жена како покорна и ранлива.

Интересно, срамежливоста е привлечна за двата пола. Научниците веруваат дека оваа емоција може да се поврзе со смирувачки однесувања кои поттикнуваат доверба во другите.

Како што забележале истражувачите, мажите кои биле склони на манипулации и себични биле исто така попривлечни за жените отколку оние кои биле искрени и сочувствителни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk