logo
logo
logo

Драган го издава станот за без пари - но поради оваа причина никој не сака да живее во него!

Vecer | 27.04.2021

Драган го издава станот за без пари - но поради оваа причина никој не сака да живее во него!

Потрагата по совршен стан е макотрпна и најчесто досадна.

Меѓутоа, Драган од Белград објавил оглас за стан кој наводно тој го издава без пари. Секако постои услов.

Впрочем, неговиот стан се наоѓа на поткровје. Но она кое е најинтересно е дека станот е рушевина а тој го издава без пари само за оној кој ќе вложи пари во станот и ќе го реновира.

Згора на се, единствени кандидати кои поминуваат при селекцијата се само млади девојки.

Lik ladno izdaje ovaj stan u Beogradu.

Posted by Dnevna doza slobodnog vremena on Monday, April 26, 2021

 

"Издавам поктровје бесплатно само за млади девојки. Условот е да го реновирате поткровјето, а на сметка на тоа ќе престојувате без пари. Единствено што треба да се реновира е малата соба, големата соба, дневната соба, купатилото и ходникот", пишува во огласот.

Во огласот се додава и дека оние кои ќе се решат да го реновираат станот ќе можат на Драган да му достават список со работи кои ги купиле, а тој ќе им го продолжи бесплатниот смештај за уште неколку месеци.

“Станот е блиску до Центар, а во непосредна околина имате супермаркет и месара. Само уште да купите елементи за во кујна, дневна, малата и големата соба, купатилото и ходникот ”, пишува во огласот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk