logo
logo
logo

ТРИ ВАЖНИ РАБОТИ ЗА ВРСКИТЕ: Колку побрзо ги сфатите, толку подобро

Vecer | 14.04.2021

ТРИ ВАЖНИ РАБОТИ ЗА ВРСКИТЕ: Колку побрзо ги сфатите, толку подобро

Кога ги идентификуваат љубовните чувства, луѓето претежно почнуваат од себе и од претходните искуства. Секоја врска има своја патека нагоре, но не е грешка понекогаш да примените некои мали стратегии за да постигнете уште подобра врска со вашиот партнер.

Првата и најважна работа е да го научите љубовниот јазик на вашиот партнер.

Ова нешто често доведува до конфликт во врската затоа што партнерите погрешно толкуваат одредени знаци.

Ако разбирате нежен допир како покана за секс, не мора да значи дека вашиот партнер го разбира тоа на тој начин. Секако е важно да се забележат такви разлики (доколку ги има) и да се дискутира за нив. Всушност, пронајдете јазик на љубовта што ќе биде заеднички и за вас и за вашиот партнер, каде нема да мора постојано да му објаснувате што сакате и што ви треба.

Потоа тој самиот ќе знае како да ги задоволи вашите потреби.

Друга стратегија е да се најде заедничко хоби, но важно е секој да има свое. Може да биде гледање филмови на неделно ниво, подготвување на вашето омилено јадење или што било што ви е интересно. Тоа е време само за вас што ќе ве приближи уште повеќе. Меѓутоа, тука е важно да имате слободно време кога ќе се посветите и ќе ги работите работите што ги сакате.

Колку и да е убаво да поминуваме многу време со партнерот, потребна ни е и малку саммотија за да можеме да функционираме нормално.

Она што е дефинитивно важно е да ги слушате потребите на вашиот партнер. Ние едноставно не можеме да ги „читаме“ другите луѓе, нивните желби и потреби. Комуникацијата е клучот во секоја врска. Слободно прашајте го вашиот партнер што му треба, дали нешто му пречи или мисли дека некои работи треба да се променат во вашата врска.

Ваквите разговори всушност можат да доведат до уште поголемо зближување со вашиот партнер и да отворат простор за некои промени што ќе ја освежат вашата врска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk