logo
logo
logo

Исповед која го шокираше светот: Мојот дечко ме лажеше дека има рак, а и ја лажираше сопствената смрт!

Vecer | 13.04.2021

Исповед која го шокираше светот: Мојот дечко ме лажеше дека има рак, а и ја лажираше сопствената смрт!

Лили од Холандија веќе некое време својот живот го споделува со бројните Јутуб следбеници. А кога дошло на ред да зборува за нејзиниот љубовен живот таа раскажала искуство кое го шокираше буквално целиот свет.

Имено таа открила дека била во врска со патолошки лажго кој за време на врската лажел дека има рак, а потоа и си го лажирал сопствениот погреб.

Приказната на Јутуб ја споделила 5 години по нивната разделба, пишува Сан.

Впрочем, Лили имала 21 година кога го запознала фотографот Џеј. Таа во тоа време ги завршувала своите студии во Холандија, а Џеј го запознала преку апликацијата Тиндер.

-Инсталирав Тиндер и бев на неколку дејтови. Со Џеј кликнав од сам старт. Со него разговорот беше лесен и пријатен. Иако од време на време знаеше да го снема по една недела. Па после 7 дена молк, ќе ми пишеше и така се вртевме во круг, се додека не решивме да се видиме и конечно да се запознаеме, открива Лилија.

Таа и додава дека на прв поглед Џеј делувал позрело но и дека бил поамбициозен за разлика од момците на негова возраст. И покрај фактот дека нивната врска завршила на најлош начин, Лили вели дека состанок со Џеј е најдобриот прв состанок на кој таа некогаш била.

Првите неколку месеци нивната врска била како од бајка. Често оделе и на романтични патувања во Париз. Иако нејзините другарки ја предупредувале дека нешто не е во ред со Џеј, сепак таа решила да го слуша своето срце и да продолжи со врската. Но како минувале месеците, таа се помалку била во контакт со Џеј.

-На почетоците на Џеј му требаа по 3 саати за да врати на една порака. Тогаш не мислев дека е нешто што треба да ме загрижува но како поминуваа неделите тие 3 саати се претворија во 3 дена, додава таа.

Неговите изговори биле дека немал батерија на мобилниот, службени патувања и слично. Сепак, Лили решила да му верува. Сепак, пресвртната точка во нивната врска била кога тој требал да и биде придружник на роденденот на нејзината мајка. Без никакво објаснување, порака или повик тој решил да не се појави.

-Бев многу нервозна и не успеав да уживам во роденденот на мојата мајка. А и таа самата забележи дека нешто не е во ред, открива Лили.

Неколку саати подоцна Лили добила порака од непознат број. Во пораката пишувало дека Џеј се разболел и дека е хоспитализиран. Како и дека му биле направени неколку тестови и му бил дијагностиран рак. Во пораката стоело и дека е напишана од страна на неговата мајка.

-Мојот свет се сруши. Се сеќавам на моментот кога ја прочитав пораката. Колабирав на подот и почнав да плачам, раскажува Лили.

Неколку дена подоцна, Џеј и објаснил дека мора да оди на лекување во специјална болница во Цирих бидејќи докторите му кажале дека само таму имал шанси да преживее.

Во тој момент Лили решила да ја тргне сета недоверба на страна и да му биде поддршка.

Конечната разделба се случила кога Џеј не се појавил на аеродром да ја собере Лили ден пред нејзиниот роденден.

-Бев многу загрижена. Не ми креваше телефон, има рак, утре ми е роденден, а не можам никако да стапам во контакт со него. А кога конечно ми крена, тој почна да кашла. Тоа беше најлошата лажна кашлица што некогаш ја имам слушнато. Тогаш се ми стана јасно, но решив да не му раскинам. Каква девојка ќе бев ако му раскинам на некој кој боледува од рак, додава таа.

Следниот ден таа добила површна роденденска порака од нејзиното момче. Тој ниту се појавил на нејзината роденденска забава ниту пак и се јавил деновите по роденденот. Тогаш таа решила дека е време да стави крај. Па така Лили му испратила порака во која му посакува среќа со третманот во Цирих но и дека и е жал што мора да ја прекине врската преку порака.

-До ден денес, 4 години подоцна тој ја нема отворено пораката. Кога ја прекинав врската не ја прекинав поради тоа што тој е патолошки лажго, туку поради тоа што не му беше гајле за мене, вели таа.

Но во наредните месеци Лили почнала да ја дознава вистината за Џеј. Една недела по раскинувањето, тој објавил фотографија направена во Холандија – во период кога и рекол на Лили дека е на лекување во Цирих.

Следниот месец таа добила и порака од жена по име Мери која ја прашала дали присуствувала на погребот на Џеј. Имено Мери и открила дека Џеј и кажал дека има рак, како и дека неколку месеци подоцна добила порака од број кој се преставил дека е неговиот брат и дека Џеј починал.

Мери стапила во контакт со сите погребални компании и со раководителите на локалните гробишта и открила дека погребот на Џеј никогаш не бил оддржан, па оттаму решила да ја контактира Лили.

Впрочем, откако Лили јавно ја објавила оваа приказна добила пораки и повици од поранешните девојки на Џеј  кои и кажале дека и тие биле мета на ваквите негови лаги.

-Почнав да ги поврзувам нештата и сфатив дека сум била во врска со патолошки лажго, завршуваа таа.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=HFAMX8lMDyQ&feature=emb_title[/embed]

 

 

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk