logo
logo
logo

Упатство за задоволство: Се што треба да знаете доколку користите вибратор

Vecer | 12.04.2021

Упатство за задоволство: Се што треба да знаете доколку користите вибратор

Вибраторите можат да бидат одличен додаток во сексуалниот живот на самците, но и на паровите.

Без разлика дали прв пат купувате ваква играчка или сте "ветеран", во продолжение ви ги пренесуваме советите на експертите околу тоа кои вибратори се најдобри.

-Доколку го купувате својот прв вибратор, Fleming ве советува да започнете со некој од поевтините за да видите дали ќе ви одговара и дали вреди да инвестирате во нешто поскапо.

Bullet вибратор

Овој тип е идеален за почетници. Тие се мали, дискретни а тоа ги прави одлилни за експериментирање. Најпрвин се користат за стимулирање на најчувствителната ерогена зона на жената - клиторисот, а според сексуалниот педагог Марла Рене Стјуарт тие можат да се користат и за стимулирање на други делови на телото се со цел да го навикнете телото на сензација.

Таа и додава дека големината на вашата ерогена зона е индикација за тоа каков тип на вибратор да одберете.

-Доколку имате помал клиторис, тогаш овој вибратор е одличен избор за вас.

Вибратори за стимулирање на Г-точката

Овој тип е наменет за оние кои сакаат да истражуваат и за стимул на Г-точката. Тие се направени под агол, со со цел да можат да стигнат и до Г-точката.

Можат да бидат изработени од различни материјали, а постојат и електрични и на батерии.

Rabbit вибратори

Овој тип на вибратори истовремено "нуду" стимулација на клиторисот и Г-точката, а се препорачуваат за љубителките на двоен оргазам.

-Доколку уживате во двоен оргазам тогаш логично е да ја купите играчката која тоа ви го овозможува, вели Стјуард.

Масажа вибратори

Она што порано се користело за масажа, наскоро се претвори во омилена играчка на жените ширум светот.

Ваквиот вибратор е одлична играчка со која ќе можете да го истражите своето тело, ерогените зони но и зоните кај вашиот партнер.

Вибратори за парови

Денес има многу опции кога станува збор за вибратор за парови.

Од оние кои можете да ги контролирате преку Bluetooth па се до разни вибрирачки прстени кои се ставаат на машкиот полов орган. Флеминг вели дека прстените се одлична опција за оние мажи кои имаат проблеми со ерекцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk