logo
logo
logo

Хороскопските знаци СЕ ДЕЛАТ НА МАШКИ И ЖЕНСКИ, во која група припаѓате

Vecer | 11.04.2021

Хороскопските знаци СЕ ДЕЛАТ НА МАШКИ И ЖЕНСКИ, во која група припаѓате

Во астрологијата, хороскопските знаци се поделени во различни групи. Меѓу другото, тие се поделени на машки и женски. Познато е дека на хороскопските знаци им се припишуваат различни особини.

Се делат на различни групи, како што се  воздушни, огнени, водени и земјени. Исто така постои и поделба на машки и женски знаци. Прво треба да знаете кои хороскопски знаци припаѓаат на кој елемент.

Воздух: Близнаци, Вага, Водолија

Вода: Рак, Риби, Шкорпија

Оган: Лав, Овен, Стрелец

Земја: Девица, Јарец, Бик

Огнените и воздушнтие знаци се машки, додека водените и земјените се женски.

Ова конкретно значи дека машките ликови се генерално покомуникативни и дејствуваат побрзо. Во астрологијата, сензуалноста и емпатијата се припишуваат повеќе на женските знаци.

Исто така се нарекува пасивни  (женски) и активни (машки). Секако, жените можат да припаѓаат на машки хороскопски знак, а мажите на женски хороскопски знак.

Според астрологијата, ова се изразува во одредени карактерни црти. Жените со машки хороскопски знаци се повеќе склони кон ризик и дејствуваат посамоуверено, додека мажите со женски хороскопски знак изгледаат почувствително и помирно.

Покрај тоа, треба да се знае дека ниедно човечко суштество нема целосно машки или женски карактеристики во него. Секогаш е мешавина од двата, а целта е да се најде рамнотежа. Поделбата во овие категории никогаш не треба да се смета за осуда, таа едноставно претставува разлика што може да помогне подобро да се разберат сопствените карактерни црти и да научат како да се справат со нив.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk