logo
logo
logo

По ПИЖАМИ работат ТРЕТИНА ОД РАБОТНИЦИТЕ, секој десетти без долен дел

Vecer | 11.04.2021

По ПИЖАМИ работат ТРЕТИНА ОД РАБОТНИЦИТЕ, секој десетти без долен дел

Скоро третина од луѓето кои работат од дома на виртуелните состаноци се облечени во пижами, а секој десетти не го носи долниот дел.

Резултатите од истражувањето на YouGov спроведено во Велика Британија покажуваат дека 42 проценти од оние кои работат од дома се „уморни од виртуелните состаноци“, но само 14 проценти од нив сакаат да се вратат на работа со полно работно време кога ќе заврши пандемијата. Секој петти испитаник изјавил дека никогаш не сака да се врати.

Истражувањето е спроведено нешто повеќе од една година по првиот карантин.

Во истражувањето учествувале 2.027 далечински работници. Скоро половина (45 проценти) сакаат рамнотежа помеѓу работата од дома и работата во канцеларија, односно одење на работа помеѓу еден и три дена во неделата.

Како најчеста причина за тоа (51 процент), навеле дека избегнуваат одење до работа. Во 34 проценти од случаите, работниците претпочитаат пофлексибилно работно време.

Дваесет проценти од нив сакаат да продолжат да работат далечински затоа што на тој начин можат да спијат подолго, а 15 проценти затоа што не мора да носат формална облека.

Разговорот со колегите е она што најмногу им недостасува од животот во канцеларија (43 проценти), а заситеноста од Зум 31 процент, е уште една причина да се вратат на работа.

Триесет проценти од испитаниците признале дека присуствувале на виртуелни состаноци во пижами, 25% се занимавале со онлајн шопинг, а 15% за време на состанокот играле компјутерски игри.

- Истражувањата покажуваат дека работата никогаш повеќе нема да биде иста како порано од пандемијата. Вработените бараат пофлексибилно и хибридно работно опкружување што ќе го исполни новиот баланс помеѓу животот и животот создаден со долга работа од дома, велат од  YouGov.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk