logo
logo
logo

Каква врска има С*КСОТ СО ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА

Vecer | 11.04.2021

Каква врска има С*КСОТ СО ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА

Верувањето е дека сексот му носи добро на нашето тело. Како прво, согорува вишок калории. Не ослободува од стресот. Но, исто така го подобрува расположението.

Сепак, се чини дека тоа не е сè.

Според некои студии, сексот не прави и попаметни.

Истражувачите забележале дека паровите кои имаат редовен секс, решаваат разни ментални задачи многу полесно и побрзо.

Најдобри резултати имаа тновите парови, тие полесно ги решаваа задачите. Откриено е дека постарите, сексуално активни парови имаат помал ризик од развој на деменција.

Редовниот секс го подобрува нашиот ментален капацитет и влијае на формирање на нови нервни врски во областите задолжени за учење, меморија и будност.

Причината за тоа, велат експертите, е дека зголемената сексуална активност ги снабдува мозочните клетки со кислород, неопходен за исхрана на нервните клетки. На тој начин се стимулира работата на мозочните клетки.

Посебно е забележано позитивното влијание врз жените. За време на водењето љубов, нивото на хормонот окситоцин, кој уште се нарекува и хормон на среќата, значително се зголемува во женското тело. После тоа, тие се порелаксирани и нивниот мозок е подготвен за нови задачи.

Како заклучок, научниците наведуваат дека водењето љубов е одличен лек за спречување на опаѓање на менталните потенцијали и способности во подоцнежниот живот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk