Кориснчка на „ТикТок“ од Финска, своето слободно време го поминува чистејќи бесплатно валканите туѓи домови и навистина ужива во тоа.

Аури вели дека сè функционира со барање помош од нејзините следбеници на ТикТок, па таа ја презема задачата. Доколку е потребно, таа оди на многу далечни дестинации, па затоа не и е тешко да вози до седум часа за да стигне до човекот кој побарал помош.

Обично презема задачи кои би застрашиле многумина поради работата што треба да се заврши и ги претвора во уредни и чисти простори.

@aurikatariinaREASONS WHY I LOVE TO CLEAN FOR FREE 😻💸 #cleaninglove #best #amazing #transformation #changes #helpingstrangers♬ In The End – Mellen Gi Remix – Tommee Profitt

Во неодамна објавеното видео кое предизвика големо внимание на ТикТок, објаснува зошто го прави тоа, а особено делот што е најмногу збунувачки – зошто го прави тоа бесплатно.

– Секој сака да го прави она во што е добар, нели? – вели и додава дека тоа го прави затоа што верува дека луѓето заслужуваат „нов почеток“.

Аури додава дека обожава да им помага на другите

Многумина пишуваат дека не можат да веруваат со каков бизнис работи.

– Ми се допаѓа што луѓето чувствуваат дека сте некој кому може да му се обратат и да побараат помош, вели еден човек во коментарите.

@aurikatariinaI CLEANED MY FOLLOWER’S HOME FOR FREE! 💝 Remember to ask for help when you need it! 💛🥰 ##touching ##hope ##depresion ##anxiety ##makeover ##satisfying

♬ married life – madi <3