Сопственик на ресторан во Балтимор минатата недела седнал во неговиот автомобил и возел шест часа до друга американска држава за да подготви храна кај свој клиент.
Жената лежела во кревет откако метастазирал нејзиниот карцином, а нејзиниот зет го повикал Стив Чу прашувајќи го дали е можно да се набави рецепт за нејзиното омилено мезе со брокула, за да го спреми во нејзиниот дом во Вермонт.
Чу е специјалист за азиска кујна и ко-сопственик на два ресторани во Балтимор. Ја прочитал пораката на 11 март и веднаш знаел дека може да помогне.
Брендон Џонс, кој само барал рецепт, останал запрепастен.
Му напишав: Знаеш дека зборуваме за Вермонт, нели? Возење е шест часа. Но, Стив одговори: ‘Нема проблем. Кажете ми датум, време и локацијата и ќе бидеме таму, вели тој
Чу, пристигнал на самото место и го спремил јадењето и кажал дека му е голема чест дека има можност да помогне на друга личност која се бори против злобна болест.
„Ова е за неа, не за нас. Имаше многу добра, позитивна енергија во ова“, истакна Чу.
View this post on Instagram