Откако викендов некој ограбил ресторан во градот Августа, во Џорџија, сопственикот на тој ресторан реагирал поинаку од она што повеќето го очекувале и му понудил на провалникот работа.
- Без полиција, без прашања. Ајде да седнеме и да разговараме за тоа како можеме да ви помогнеме и да го поправиме патот по кој ќе тргнете - напиша Карл Валас во објава на Фејсбук, со фотографијата од скршената врата.
Валас е сопственик на ресторанот Дијабло околу осум години. Тој рече дека некој упаднал во саботата околу 4 часот наутро, зел празна каса и дека избегал во рок од 45 секунди, бидејќи се вклучил алармот.
Валас за Си-Ен-Ен изјави дека првично бил лут и фрустриран, но потоа се сожалил на лицето кое упаднало во неговиот бар.
- Жал ми е што ова е патот што го избираат во животот. Размислувам и за опасностите што ги прават.
Во духот на велигденскиот викенд, Валас рече дека неговиот одговор на Фејсбук е проштевање, што тој го смета за целосно исправно.
„Само се обидувам да бидам ментор и да му помогнам на некој што очигледно е на погрешен пат во животот“, рече Валас.
Our burritos are such a smash hit we’ve got people breaking in at 4am for their fix. So if ya see our door looking...Posted by Diablo's Southwest Grill on Saturday, April 3, 2021