logo
logo
logo

Втора година по ред: Путин прогласен за најатрактивен маж во Русија

Vecer | 06.04.2021

Втора година по ред: Путин прогласен за најатрактивен маж во Русија

Претседателот на Русија, Владимир Путин (68), е прогласен за најатрактивен Русин, според анкетата на „Суперџоп.ру џоп“ – втора година по ред.

Во анкетата спроведена на 1.000 мажи и 1.000 жени во повеќе од 300 руски градови помеѓу 22 март и 1 април, 17 отсто од жените рекле дека Владимир Путин е најсексапилен Русин, додека 18 отсто од мажите го делат истото мислење, пишува „Москва тајмс“.

„Русите и понатаму го сметаат Владимир Путин за најатрактивен познат маж во земјата. Со него не можат да се натпреваруваат ниту спортистите ниту актерите во Русија“, се наведува на споменатата веб-страница.

Сајтот „Супер џоп.ру џоп“ соопшти дека Путин добил еден процент помалку гласови во споредба со минатата година, но дека, сепак, никој не може да се мери со него.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk