logo
logo
logo

КАДЕ СЕ И ШТО ПРАВАТ НАСЛЕДНИЦИТЕ НА МИЛОШЕВИЌ: Марко е во Русија со третата жена, Марија забарикадирана на Цетиње

Vecer | 02.04.2021

КАДЕ СЕ И ШТО ПРАВАТ НАСЛЕДНИЦИТЕ НА МИЛОШЕВИЌ:  Марко е во Русија со третата жена, Марија забарикадирана на Цетиње

КАДЕ СЕ И ШТО ПРАВАТ НАСЛЕДНИЦИТЕ НА МИЛОШЕВИЌ: Марко е во Русија со трерта жена, Марија забарикадирана на Цетиње

Наследниците на покојниот претседател СР Југославија Слободан Милошевиќ, Марко и Марија Милошевиќ, денес живеат повлечен живот далеку од очите на јавноста.

Марко во меѓувреме впловил во втор брак, со универзитетска професорка со која добил ќерка и ја крстил по сестраси, додека ќерката на Милошевиќ се повлекла иако се шушка дека има емотивен партнер.

Имено, Марко веднаш после Пети октомври заминал со мајкаму Мира Марковиќ во Русија. Неговата невенчана жена Милица Гајиќ и синот, кој добил име по него Марко (јуниор) останале да живеат во Пожаревац а Марко им ја препишал куќата.

Во Русија се оженил со Русинката Валерија, со која добил второ дете, ќерка на која и дал име по сестраму Марија. Како што можело да се слушне, ќерката ја викале Маја и денес има околу 16 години.

Во меѓувеме како што се шушкало, ја запознал и третата сопатничка, извесна убавиц со која се запознал на школување во САД со која наводно е и денес.

Во јавноста последен пат е виден 2019 година кога се појавил на кремирање на својата мајка во Русија.

Од друга страна, ќерката на Слободан Милошвиќ Марија, цело време живее во Црна Гора, далеку од очите на јавноста. Не била ни на погребот на мајкаси, била спречена да присуствува бидејќи не поседувала патни исправи и други лични документи.

Во куќата на Цетиње во која живее ролентите се постојано спуштени, а Марија ретко излегува. Но соседите во неколку наврати сведочеле за медиуми дека е исклучиво пријатна, иако е очигледно повлечена.

Таа наводно имала двајца мажи кои и помагаат и уште еден за кого се зборува дека и бил партнер. Доста е внимателна и незабележлива. Единствено некој соседите ако и се најави можат со неа да пијат кафе, но и тоа ретко се случувало.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk