logo
logo
logo

Прележав корона и имав нула антитела: Примив руска вакцина и еве ги резултатите!

Vecer | 28.03.2021

Прележав корона и имав нула антитела: Примив руска вакцина и еве ги резултатите!

Нина Даутовиќ од Нови Сад лани во ноември ја победила битката со коронавирусот.

Сепак, месеци потоа таа се уште има последици -  постојан умор и тахикардии. Но, не и антитела.

Згора на се, таа и страда од Хашимотов Синдром. По битката со коронавирусот решила да се вакцинира, а своето искуство го споделила со читателите на Жена.рс.

Се викам Нина, имам 41 година и сум родена во Нови Сад. И сум горд сопственик на антитела од вакцината Спутник V.

Но, да почнам од почеток. Како личност која работи со голем тим и се движи секојдневно помеѓу луѓе бев премнобу внимателна и постојано носев маска. Уште од првиот ден на пандемијата се дезинфицирав, носев маска, а пријателите ги гледав само на вибер.

Но, за жал вирусот ве наоѓа, тогаш кога најмалку очекувате. Па така во ноември 2020 година јас бев позитивна на корона, а за жал вирусот го пренесов и на моите хронично болни родители. Среќа, тие поминаа само со лесни симптоми. Јас пак, закачив пневмонија и треска која траеше пет недели.

Помина и никогаш повеќе да не се повтори.

Кога стигнаа првите вакцини во Србија решив да се пријавам одма. Коронавирусот ми остави последици – постојан умор, болки во градите како и тахикардии, но за жал не ми остави антитела. Како личност која боледува од Хашимотов синдром не е ни чудо што мојот имунолошки систем не работи баш најдобро.

Повторно да ја поминувам истата болест или не дај Боже да заразам друг кој може да помине многу потешко или најлошо за мене не беше опција. Верувам во наука, бидејќи науката досега го спаси светот безброј пат. Факт е дека многумина од нас немаше да бидат тука доколку не постоеја вакцини против сериозни и смртоносни болести.

Првата доза Спутник ја примив на 4ти фебруари 2021 година. Прекрасни доктори и медицински сестри, одлична организација, сончев ден, кафе за носење во раката а јас вакцинирана. Не бев исплашена во ниту еден момент, бидејќи како што реков, верувам во наука. Втората доза ја примив на 25ти фебруари, а единствен симптом ми беше болката во раката. Ништо повеќе...сончев ден, кафе и колачи на клупа во паркот.

Иако знам дека не постои дефиниран став околу нивото на антитела кои штитат од повторно заболување, сепак сакав да проверам и да видам дали и колку антитела имам. Се уште ја имам таа ноемвриска болка и разочарување кога резултатот на моите антитела по коронавирусот беше премал.

15 дена по примената втора доза нивото на антитела беше 8068 AU/ml! Бев пресреќна!

Се уште носам маска, се уште се заштитувам и избегнувам дружење и собиранки. Но има една голема разлика од лани – тоа е мирот што го чувствувам во себе, мирот кој ми го донесе Спутник.

Би сакала и други да го имаат овој мир, да знаат дека дури и ако се заразат нема да поминат со тешки последици. Да знаат дека ако ги заразат најблиските како што јас ги заразив моите родители дека и тие нема да поминат со тешки последици.

Без вакцини се е залудно. Вирусот ќе го најде патот до сите! А како ќе помине...сите карти се во игра!

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk