logo
logo
logo

Цената на отров од пчели во светот достигнува и до 100.000 евра по килограм...

Vecer | 28.03.2021

Цената на отров од пчели во светот достигнува и до 100.000 евра по килограм...

Хит на светскиот пазар по отров од пчели, кој наголемо се користи за произвотство на лекови ифармацевтски производи.

Цената во светот се движи од 60.000 до 100.000 евра по килограм, додека во Србија дури трипати пониска. Причината за тоа е пред се недостаток на законска регулатива која оневозможува организирана продажба, вели за “Мондо“ претседателот на Сојузот на пчелариски организации на Србија

Многу пчелари знаат за вредноста на отровот од пчели и доста луѓе влегуваат во таа работа и вложуваат но на крај ги губат парите.

“Едноставно, пазарната цена ја одредува понудата и побарувачката. Во Србија се уште не постои лабораторија ниту законски правила со која се регулира оваа област, која резултира со мала побарувачка и ниска цена. Проблемот е што оваа област не е законски регулирана а отровот се купува на црниот пазар“, вели Родољуб Живониновиќ.

Дури кога законски ќе се регулира, произвотство на легален начин ќе биде овозможена. Сепак се работи за отров, кој мора така и да се третира, вели Живаниновиќ.

“Потребно е да се пропишат услови за призвотство, од простории и хигена, до сите останати стандарди. Луѓето кои имаат пчели сами се занимаваат со произвотство и тоа е голем ризик, бидејќи немате прописни стандарди, а купувачите го пазарат на своја одговорност“.

Спрема европските стандарди, отровот од пчели, исто како и змискиот отров, не се во ресорот на Министерството за земјоделие.

Министерството за здравје би требало да го регулира начинот на правење, обработка продажба и дистрибуција, но тоа сеуште не се случува.

Инаку во светот се користи во фармацевските индустрии каде што од отровот на пчели произведуваат препарати за коскени заболувања. На големо се истражува дали отровот од пчели може да послужи како лек за одредени болести. Ако би се регистрирал за таа цел, произвотството ќе ‘експлодира“, вели претседателот на пчеларските здруженија.

Тој нагласува дека тоа не е лесна работа и дека пчеларите повеќе се вртат кон произвотство на мед, матичен млеч и прополис, кога од отровот неможат да профитираат.

“Отровот се собира така што на кошницата става плоча која се вклучува во електро-апарат. Струја со одредена фрекфенција ги иритира пчелите кои почнуваат да боцкаат и лачат отров. Од плочата се тргаат кристали на апитоксини кои се чуваат во стаклена тегличка и на темно место“, вели Живаниновиќ.

За еден грам отров треба да одработат 15 пчелини заедници, бидејќи еден грам отров го излачуваат 100.000 пчели стражари, на старост од 18 до 21 ден

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk