logo
logo
logo

Дали паровите ги средија врските во пандемијата, МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ НЕ МИСЛАТ ИСТО

Vecer | 26.03.2021

Дали паровите ги средија врските во пандемијата, МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ НЕ МИСЛАТ ИСТО

Пандемијата ги затвори луѓето дома, но тоа пак ги отвори проблемите во врските. Некои имаа можност да ги решат истите, додека други да сфатат дека не се еден за друг. После една година се прашуваме колку пандемијата влијаеше врз нашите интимни односи?

Иако некои решија преку почесто водење љубов да ги решат проблемите, сепак тоа не значи дека навистина се решени. Но по ова прашање мажите и жените имаат различни одговори.

Мажите велат дека интимните врски им се подобрени за време на пандемијата. Многу од нив кои се во врски тврдат дека карантинот им го подобрил интимниот живот, се вели во новото истражување на сајтот eHarmoni.

Дамите, од друга страна, не чувствуваат дека пандемискиот период ги подобрил односите со нивниот партнер.

Истражувањето во кое учествувале 2.000 испитаници, открило дека 50 проценти од мажите сметаат дека за време на пандемијата врската им е подобрена.

Сепак, 71 процент од жените изјавиле дека глобалната здравствена криза воопшто не го подобрила тој аспект од нивниот живот.

Извештајот исто така откри дека 45% од мажите рекле дека имаат почесто односи со својата партнерка. Сепак, само 29 проценти од жените го потврдиле тој факт.

- Почестото водење љубов не го прави интимниот живот поздрав, но сепак многу мажи сметаат дека е знак на подобрена врска.

Значителен 71 процент од учесниците во студијата изјавиле дека им е мило што имаат романтичен партнер со нив за време на пандемијата.

Изненадувачки 58 проценти од испитаниците изјавиле дека нивната врска се зајакнала по појавата на коронавирусот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk