Со новото темпо на време се повеќе луѓе се јавуваат со проблеми со редовното одење во тоалет. Од друга страна има такви кои немаат проблеми, на кои сите им се чудат, а многу им љубоморат.

Но колку е важно одењето во тоалет и колку пати во текот на еден ден се смета за нормално.

Редовната хидратација е основниот постулат на здравиот живот, но и редовното празнење на течности што сме ги внеле.

На прашањето колку пати на ден е пожелно да се оди во тоалет, научниците одговорија – треба да уринирате шест до седум пати за 24 часа.

Секако, ако малку по малку чувствувате притисок во мочниот меур и мора да вршите нужда, почесто од 10 пати на ден, треба да се консултирате со лекар.

Значи, ако пиете околу два литра течност дневно, како што е препорачано, обидете се да одите во тоалет на секои два до четири часа за да го одржувате вашиот уринарен тракт здрав.