logo
logo
logo

„Фејсбук“ во април укинува уште една популарна опција?

Vecer | 22.03.2021

„Фејсбук“ во април укинува уште една популарна опција?

Социјалната мрежа „Фејсбук“ наскоро ќе исклучи уште една од своите функции која особено „заживеа“ за време на глобалната пандемија.

Имено, се работи за опцијата што им овозможуваше на корисниците да гледаат разни видеа заедно со своите пријатели. Оваа опција ќе се укине на 16 април.

Но, „Фејсбук“ им овозможува на корисниците да ги преземат претходно објавените заеднички видеа и коментарите до 15 април 2021 година.

Како да ги преземете податоците?

За преземање на податоците се користи алатката „Download Your Information“, но податоците за списокот на прегледи, посетители, други статистички податоци и коментари на други корисници ќе останат недостапни.

Како да ги преземете податоците од групните видеа?

Во горниот десен агол, одберете „Setting & Privacy Settings“, па одделно „Settings“. Од левата стана ќе ви се појави опцијата „Your Facebook Information“, стиснете „View“ и додадете или отстранете категории по желба. Одберете „Create File“ за да го потврдите барањето.

По поднесувањето на барањето, преземањето се наоѓа во делот „Available Copies“ во „Download Your Information“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk