logo
logo
logo

Лажен Путин стана хит на Интернет, ПРАВИ ПАЛАЧИНКИ, ТАНЦУВА, ЧИСТИ СНЕГ (видео)

Vecer | 18.03.2021

Лажен Путин стана хит на Интернет, ПРАВИ ПАЛАЧИНКИ, ТАНЦУВА, ЧИСТИ СНЕГ (видео)

На почетокот на декември 2020 година, анонимен корисник отвори пародичен профил посветен на рускиот претседател Владимир Путин на ТикТок наречен „Првиот човек на Русија“,  За само три месеци, со кратки видеа, тој собра повеќе од 4,7 милиони следбеници.

Каналот објавува т.н. лажни монтажи на актер кој го имитира Путин. Технологијата која ја користи „Deepfake“ се заснова на вештачка интелигенција која овозможува производство или модификација на фотографии и снимки и со тоа манипулира со содржината за да личи на личност.

@1facerussiaГоды летят...Но старая рубашка ещё налезает #естьсходство #необычныйобраз #непоймивочто♬ оригинальный звук - Oksukpaevak

Честопати, ваквите записи изгледаат толку реалистични што многу корисници не можат да разликуваат дали станува збор за вистинска или лажна снимка.

На лажниот профил на Путин, можете да најдете снимки во кои рускиот претседател танцува покажува како се подготвуваат палачинки и руска салата.

@danikpro32#дуэт с @1facerussia♬ оригинальный звук - Первое лицо

Колку е популарен профилот, најдобро докажува видеото како „Путин“ ја пробува својата омилена кошула, кое е прегледано повеќе од 90 милиони пати.

Профилот се занимава со проблемите со кои обично се соочуваат руските провинции.

@1facerussiaЛично поздравляю всех дам с их днём 🌺 Начал с @homm9k 🐹 ##весна2021 ##8марта♬ оригинальный звук - Первое лицо

Во неколку снимки, лажниот Путин го чисти снегот во Новосибирск и вели дека патиштата не треба да се чистат „освен кога ќе дојде во посета“

@1facerussiaРазработал рецепт «Президентской шаурмы» совместно с @kushat_hochu Что скажете? 😉�#домашняяеда #shawarma

♬ Out the Frame - Marv Allen

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk