logo
logo
logo

Од хостеса во квиз до моден дизајнер: Што знаеме за девојката која го нападна Кралството?

Vecer | 12.03.2021

Од хостеса во квиз до моден дизајнер: Што знаеме за девојката која го нападна Кралството?

Американка, разведена, актерка, од мешана раса, Меган Маркл доста се разликува од жените кои досега влегуваа во британското кралско семејство.

Нејзиното интервју кај Опра Винфри деновиве е главна тема на сите медиуми но и на јавноста. Но колку јавноста знае за младоста на Меган?

Впрочем, на почетоците на својата актерска кариера, Меган била хостеса во еден популарен американски квиз, а јавноста денес, главно, ја препознава по улогата во хит-серијата „Suits“.

Таа, исто така, е амбасадорка на Обединети нации и гласен поддржувач на низа кампањи, пред сѐ, за еднаквост на половите. Исто така Меган стои зад брендот “Tig”.

Не потекнува од бели родители

Нејзината мајка Дорија има афроамериканско потекло, нејзините предци биле робови, а нејзиниот татко Томас е бел. Па тоа покажува дека Меган е првата личност од мешана раса која се омажи за член од кралско семејство.

Таа имала тежок животен пат

Познато е дека нејзиниот живот во Лос Анџелес, градот во кој е родена, ѝ бил многу тежок. Нејзината мајка била инструктор по јога и социјален работник, а татко ѝ бил експерт за осветлувањето во ТВ сериите, така што доаѓа од просечно семејство.

Меган за разлика од Хари не посетувала приватно училиште.

Меган е разведена

Меган била омажена за Тревор Енгелс, но тоа не е прв пат разведена личност да се венчава со член од кралско семејство.

Принцот Чарлс се ожени со Камила Паркер Боул во 2005 година иако и двајцата претходно биле во брак.

Таа е американка

Меган е првата американка која во последните 80 години се омажи за член од кралско семејство.

Американката Волис Симпсон имала два брака зад себе пред да се омажи за кралот Едвард VIII. За да се ожени со неа, тој абдицирал и станал војвода од Виндзор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk