logo
logo
logo

Сите СКАНДАЛИ кои го потресоа КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО, од љубовен триаголник до киднапирање

Vecer | 11.03.2021

Сите СКАНДАЛИ кои го потресоа КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО, од љубовен триаголник до киднапирање

За скандалозното интервју кај Опра на Меган Маркл и принцот Хари се уште се зборува, но во британското кралско семејство отсекогаш имало контроверзи.  Јавноста почна повнимателно да ги следи нив, дури по љубовните и брачните проблеми на принцот Чарлс и покојната принцеза Дајана.

Да се ​​потсетиме на некои од најголемите скандали што го потресоа британското кралско семејство во поновата историја!

Абдикацијата на кралот Едвард VIII

По неколку месеци владеење во 1930-тите, Едвард VIII ја запросил Волис Симпсон. Фактот дека Американката имала два неуспешни брака зад себе не „помина“ кај британската влада и кога Едвард VIII сфати дека нема да може да се ожени со Волис и да ја продолжи својата кралска улога, тој реши да абдицира. Него го наследи неговиот помлад брат Џорџ Шести, татко на кралицата Елизабета Втора и принцезата Маргарет.

Контроверзниот љубовен живот на принцезата Маргарет

Помалата сестра на кралицата Елизабета Втора падна на шармот на Питер Таунсенд. Разведениот Таунсенд ја запроси 16-годишната принцеза Маргарет, но англиската црква одби да го признае потенцијалниот брак. Исто така и членовите на владата не беа воодушевени од предлогот, па ја принудија Маргарет да избере помеѓу љубовта и кралскиот живот. На крајот таа го одби Таунсенд и се омажи за Ентони Армстронг Џонс.

Обид за киднапирање на принцезата Ана

Кога принцезата Ана се врати во палатата од добротворна акција во 1974 година, нејзиното возило беше пресретнато од Јан Бол. Вооружен со два пиштоли, Бол се обидел да ја киднапира принцезата со цел да бара откуп. Ана избегала, но нејзиниот телохранител бил застрелан. Бол беше уапсен и се изјасни за виновен за обид за убиство и киднапирање. Поради историјата на ментални проблеми, тој беше осуден на доживотен затвор во психијатриска установа со високо ниво на безбедносни мерки.

Љубовниот триаголник на принцот Чарлс, Дајана и Камила

Принцот од Велс се ожени со Дајана во 1981 година, но врската на кралскиот пар наскоро се влоши. Дајана призна дека се вљубила во  вработен во палатата, а Чарлс имаше афера со неговата поранешна девојка Камила. Разделбата беше официјално објавена во 1992 година. Три години подоцна, принцезата Дајана во интервју за Би-Би-Си изјави дека „во бракот имало тројца“. Нејзиниот развод од Чарлс заврши во август 1996 година, а следната година таа трагично почина во сообраќајна несреќа во Париз. Чарлс се ожени со Камила во 2005 година.

Наци изданието и авантурите на принцот Хари во Лас Вегас

Пред да се вери со Меган Маркл во 2018 година, војводата од Сасекс важеше за бунтовен принц. Откако во 2005 година протекоа фотографии на кои тој носеше свастика околу раката на една забава, Хари беше принуден јавно да се извини.

„Многу ми е жал ако некого навредив или посрамотив. Тоа беше лош избор на костум и се извинувам", рече тогаш Хари.

Но, не заврши се тука. седум години подоцна се појавија голи фотографии на Хари, наводно направени додека играл билијард во Лас Вегас.

Казнување на принцезата Ана за нападот на нејзиното куче на деца

Ќерката на кралицата се изјасни за виновна во 2002 година откако нејзиното куче нападна две деца. Таа мораше да плати 500 фунти отштета на жртвите, а исто така беше казнета со 500 и 148 фунти за судски трошоци. Во период од повеќе од еден век, ова, наводно, беше првпат еден од најважните членови на кралското семејство да се појави на суд.

Валканиот јазик на принцот Чарлс

Додека позираше со своите синови во швајцарски ски-центар во 2005 година, принцот Чарлс беше не бираше зборови кога одговараше на прашањето за претстојната венчавка со Камила.

„Проклетници. Не можам да го поднесам тој човек. Тој е навистина ужасен", нервозно им промрморе Чарлс на Хари и Вилијам.

Расистичкиот брош на принцезата од Кент

Сопругата на принцот Мајкл од Кент предизвика контроверзии по Божиќниот ручек на кралицата во Бакингемската палата во 2017 година, кога беше забележана со моден додаток што некои го протолкуваа како омаловажување на Меган Маркл, првиот висок член на кралското семејство од мешани раси.

„На принцезата е многу жал и се вознемири што брошот поттикнува на навреди“, рече нејзиниот јавен претставник.

Но, ова не беше прв расистички инцидент за принцезата, па во 2004 година таа наводно им рекла на група црнци од Њујорк „да се вратат во колониите“. Потоа се извини во едно интервју на ITV, тврдејќи дека за неа, нарекувањето расист било како да ја прободиле со нож во срцето, бидејќи таа навистина ги сака тие луѓе.

Оставка на принцот Ендру

Војводата од Јорк се најде во центарот на контроверзни случувања во ноември 2019 година поради неговата врска со покојниот сексуален престапник Џефри Епстајн. Како што се ширеше скандалот, Ендру објави дека се повлекува од своите кралски должности. Во тоа време, тој ги демантираше тврдењата на Вирџинија Робертс дека таа била присилена да има сексуален однос со него три пати во периодот од 1999 до 2002 година, тврдејќи дека тоа едноставно не се случило.

Гласини за аферата со принцот Вилијам

Војводата од Кембриџ во 2019 година беше обвинет за врска со Роуз Ханбери,блиска пријател на неговата сопруга Кејт Мидлтон. Тогаш извор тврдеше дека Кејт била погодена од гласините, но парот на крајот излезе од драмата уште посилен.

„Тоа ги принуди да седнат и да ја преиспитаат нивната врска, па сфатија дека требало да го прават тоа почесто“, рече добро информиран извор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk