logo
logo
logo

КОИ ЖЕНИ СЕ ПОСРЕЌНИ: Сингл, во врска или мажени

Vecer | 10.03.2021

КОИ ЖЕНИ СЕ ПОСРЕЌНИ: Сингл, во врска или мажени

Вечна е дилемата кои жени се посреќни, дали слободните или тие во врска или брак. Направени се бројни испитувања, мислењата се поделени, но дел од психолозите велат дека не треба да има недвосмислености.

Без оглед на причината, се смета дека девојките кои остануваат сингл најдолго се најсреќни, барем така тврдат психолозите.

Можеби не се навикнати на идејата да бидат во врска, или можеби имале неуспешна врска, а после тоа ништо сериозно не се појавило. Можеби имало проблеми, можеби се посветиле на кариерата.

Овие девојки се најсреќни затоа што се себични кога станува збор за нивните потреби. Тие го имаат целото време на светот за себе и за своите страсти и потреби.

Кога се сами, тие всушност можат да испитаат што е важно и да се мотивираат да тргнат кон своите цели.

Овие девојки се најсреќни затоа што се блиски со пријателите. Тие имаат силни пријателства. Тие исто така се сонувачи.

Тие се страствени во сè што прават. Научиле да се грижат за себе, да работат напорно, да плаќаат сметки, да купуваат, тие се интелигентни жени кои имаат исполнет живот. Не им пречи идејата да стапат во брак и да имаат деца, но уживаат во животот каков што е, и ако дојде некој посебен - одлично.

Дури и да најдат партнер, тој биде тој кој ќе ги охрабрува. Некој кој ќе ги турка напред да станат најдобра верзија за себе. Некој што ќе ги направи покомплетни.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk