logo
logo
logo

Ако сте пробале сè, но никако не можете да ослабите: Ова диета е светски хит, а еве и зошто!

Vecer | 09.03.2021

Ако сте пробале сè, но никако не можете да ослабите: Ова диета е светски хит, а еве и зошто!

Оваа диета е идеална за оние луѓе што имаат вишок килограми, но и што страдаат од покачен крвен притисок.

Оризовата диета се состои од внесување намирници со високо ниво на сложени јаглехидрати, ниско ниво на масти и натриум.

Ваквото мени ќе ви помогне и да изгубите килограми, но да го доведете крвниот притисок во нормала.

Целта на диетата е да се намали преголемото внесување солена храна и храна што содржи висок процент на натриум.

Исхраната се базира на храна со висок процент на влакна и јаглехидрати, како овошје, зеленчук, житарки и мешунки. За да биде диетата што поуспешна, треба да се исфрлат речиси сите млечни производи од исхраната.

Прва фаза

Првата фаза на оваа диета трае една недела и првиот ден треба да јадете житарки и овошје, а преостанатите шест дена да додадете зеленчук и мешунки, интегрален леб и немасни млечни производи.

Во текот на првата фаза од диетата со ориз можете да јадете четири групи намирници: скроб, овошје, зеленчук и млечни производи. Во оваа фаза не смеете да јадете храна богата со протеини, како што е рибата и пилешкото, но овие намирници после седум дена веќе можете да ги додадете во исхраната.

Во текот на денот не би требало да внесете повеќе од 1.000 калории, 22 г масти, 5,5 г заситени масти, од 500 до 1000 мг натриум и од 0 до 100 мг холестерол.

Втора фаза

Во текот на втората фаза од диетата, можете да го зголемите дневниот внес на калории до 1.200, додека ја достигнете посакуваната тежина. Првиот ден од секоја седмица почнувајте го со овошје и ориз, а наредните денови вклучете зеленчук и немасни млечни производи.

Еден ден во седмицата, по ваш избор, вклучувајте риба или органски јајца како извор на протеини. Во оваа фаза дозволено е да внесувате малку повеќе сол одошто во првата фаза.

Трета фаза

Третата фаза е фаза на одржување и во тој период, дневниот внес на калории може да биде 1.500, а вие продолжувате да јадете според истиот план.

Исто така, во текот на последната фаза нема потреба да јадете само житарки и вода некои денови, а имате и поголема слобода околу изборот на протеини.

Пример за дневно мени

За појадок можете да изедете една порција скроб по ваш избор, овошје и некој од дозволените млечни производи со нула отсто масти.

За ручек се препорачуваат три порции скроб по ваш избор, три мали порции зеленчук и една овошка.

За вечера повторете го тоа што сте го јаделе за ручек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk