logo
logo
logo

И ДА ПЦУЕШ Е ЗДРАВО - Еве во кои ситуации

Vecer | 08.03.2021

И ДА ПЦУЕШ Е ЗДРАВО - Еве во кои ситуации

Иако пцуењето се смета за некултура,  сепак е здраво да пуцуеш во некои ситуации. Пцуењето го користиме најчесто за да го истуриме гневот кој што се појавил поради одредени ситуации, како и да изразиме чувства, било да е тоа позитивно или негативно.

Веројатно не сте знаеле дека и науката се има занимавано со пцуењето, а некои истражувања потврдиле дека  некогаш е и корисно.

Еве кога се смета дека тоа е пожелно и корисно.

Може да биде знак на интелигенција

Според студија објавена на порталот Bright Side, пцовките не мора секогаш да се ставаат во негативен контекст, но може да покажат дека лицето што пцуе е интелигентно.

Учесниците од британското говорно подрачје имале задача да набројат што е можно повеќе зборови кои се пцовки, за една минута. Резултатите покажале дека интелигентните биле најбрзи.

Тој што пцуе е искрен

Пред четири години биле спроведени серија од три истражувања од кои се произлезени позитивни врски помеѓу пцуењето и искреноста. Исто така, откриено е дека луѓето кои помалку пцујат лажат во интеракцијата со луѓе.

Пцуењето ја ублажува болката и физичката непријатност

Повеќе истражувања откриле дека пцуењето може да ја зголеми отпорноста на болка. На пример, луѓе кои влегувале во ладна вода и пцуеле се чувствувале помалку непријатно и издржале подолго од оние кои не зборувале ништо.

Пцуењето може да предизвика катарза

Познато е дека пцуењето може да изрази широк спектар на чувства, а науката потврдила дека по пцуењето се чувствуваме многу подобро, до степен до кој може да има катарзично влијание врз нас.

Ни помага да се поврземе со соработниците

Според спроведената студија, пцуењето во форма на добро расположение и сленг, позитивно влијае на атмосферата на работа и со пријателите.

Пцуењето во дадени ситуации може да послужи и како средство за корекција на целокупната состојба и поништување на компликациите што можат да настанат како резултат на одбиени барања или поплаки.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk