logo
logo
logo

Оваа утринска навика штети по вашето здравје, а сите ја правиме!

Vecer | 28.02.2021

Оваа утринска навика штети по вашето здравје, а сите ја правиме!

За многумина првото нешто што го прават по будењето е да пијат топло кафе, а потоа да се подготват за понатамошни дневни активности.

Сепак, според некои истражувања, таа прва шолја кафе наутро можеби не е најдобриот начин да го започнете денот.

Всушност, лекарите веруваат дека најдобро време за уживање во шолја кафе е помеѓу 9:30 и 11:30 часот.

Ефектите што може да ги има врз вашето тело кога ќе го пиете на празен стомак може да бидат вистински знак на тревога.

Ќе се чувствувате поуморни

Кафето е пијалак за будење за многумина од нас, но пиењето веднаш штом ќе станете од кревет може да има спротивен ефект. Кофеинот го удвојува нивото на хормони на стресот и може да доведе до проблеми со спиењето. Ако денот го започнете со шолја кафе, по кратко време повторно ќе се чувствувате поспани. Ова се случува затоа што нашето тело произведува инсулин за да го компензира шеќерот, предизвикувајќи пад на нивото на гликоза во крвта, што резултира со недостаток на енергија и вознемиреност.

Вашето тело може побрзо да ги изгуби основните минерали

Конзумирање на редовна доза на кафе рано наутро може да доведе до губење на многу есенцијални витамини и минерали. Може да ја саботира апсорпцијата на железо, магнезиум и витамини од групата Б, кои се од витално значење за нашиот нервен систем. Премногу кофеин исто така може да излачува калциум од вашите коски, правејќи ги слаби и кршливи.

Тоа може да доведе до зголемување на телесната тежина

Додека црното кафе може да ви помогне да согорувате маснотии, исто така може да ги наруши вашите здрави навики за спиење. Кога не спиете доволно, се чувствувате гладни и посакувате повеќе слатки. Многу пијалаци од кафе, како и популарните засладени мешавини, се полни со шеќер и калории и можат да доведат до вишок тежина.

Ја суши кожата

Бидејќи кафето ве тера да користите почесто тоалет, тоа го дехидрира вашето тело. Кога станувате дехидрирани, токсините потешко излегуваат од телото преку вашата кожа. Ова, пак, ја суши кожата и ја прави поранлива на разни проблеми, како што се предвремените брчки.

Го зголемува шеќерот во крвта

Утринска шолја кафе им отежнува на клетките да го регулираат шеќерот во крвта, што може да доведе до разни болести. Високиот шеќер во крвта, пак, може да доведе до зголемување на телесната тежина, па дури и да го зголеми ризикот од инфекции на кожата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk