logo
logo
logo

Го истерувале ѓаволот од Парламентот, СЕГА ЌЕ ПЛАТАТ КАЗНА (ВИДЕО)

Vecer | 26.02.2021

Го истерувале ѓаволот од Парламентот, СЕГА ЌЕ ПЛАТАТ КАЗНА (ВИДЕО)

За време на карантинот во Ирска, имаше забрана за повеќе од 15 лица на отворено, а на 8 декември имало околу 70 пред парламентот.

Оваа група од речиси 70 верници се собрале во Даблин во декември за да го протераат ѓаволот, додека земјата беше „заклучена“ поради пандемијата.

Две чесни сестри од Република Ирска сега се соочуваат со обвинувања дека ги прекршиле правилата донесени заради ковидот. Двете поминале скоро 200 километри до Даблин за да го протераат ѓаволот од пред парламентот на земјата, објави Irish examiner.

Поворката, била предводена од отец Џакомо Балини, и продолжила со миса во блискиот парк, а мајка Ирена Гибсон и сестра Ана Мари се придружиле за да ги истераат демоните.

Засега е непознато дали другите учесници во поворката ќе претрпат казна како тие две.

Видеото прикажува како отец Балини, попрскува со света вода врз зградата на ирскиот парламент, изразувајќи надеж дека „некои од злите духови“ ќе ја напуштат зградата

[embed]https://youtu.be/O0pFMOyTdGY[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk