logo
logo
logo

На кои прашања мажите мразат да одговараат?

Vecer | 22.02.2021

На кои прашања мажите мразат да одговараат?

Едноставно...некои работи треба да ги задржите за себе. Еве кои прашања најмногу ги нервираат мажите.

Дали мислиш дека сум дебела?

Доколку ви каже дека не сте, нема да му верувате и ќе се налутите. Доколку ви каже „да“, ќе му се налутите бидејќи е искрен. Мажите ги привлекуваат жени со самодоверба, а и со облини.

Каква беше твојата поранешна девојка?

Неговата врска не успеала и имало причина зошто раскинал. Тоа е сè што треба да знаете.

Ќе ми се јавиш ли пред да стигнеш таму?

Ваквите прашања прават партнерот да помисли дека немате доверба и дека се сомневате во него. И без да го потсетите, тој ќе ви се јави кога ќе почувствува потреба бидејќи му недостасувате и ве сака.

Каде се гледаш за 10 години?

Не претерувајте со ова прашање. Мажите не размислуваат многу за иднината, тие уживаат со вас во сегашниот момент. Доколку постојано го прашувате каде се гледа за 10 години, тогаш ќе помисли дека немате доверба во него и се сомневате дека сака да биде со вас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk