logo
logo
logo

Пешачела 10 километри по снег за да се вакцинира: 90-годишната баба поминала низ пекол (ВИДЕО)

Vecer | 22.02.2021

Пешачела 10 километри по снег за да се вакцинира: 90-годишната баба поминала низ пекол (ВИДЕО)

Фран Голдман не успеала да нарача да ја прими првата доза на вакцината, а кога и се укажала можност да скокне, таа не се двоумела и покрај бурата храбро тргнала кон својата цел, објави Сиетл тајмс.

Непоколеблива деведесетгодишна Американка му пркосела на студот и пешачела десет километри по снегот за да се вакцинира против ковид-19 во Сиетл.

Впрочем, поради големата снежна обвивка движењето со автомобил било невозможно, па таа решила да пешачи пет километри до клиниката и пет назад до нејзиниот дом.

„Не беше лесно, тоа беше предизвик“, призна Голдман за весникот, откривајќи дека минатата година била подложена на операција за замена на колк.

Таа и додала дека се движела многу бавно но успеала да задоцни само 5 минути на закажаниот термин.

„Таа е навистина прекрасна, нејзиниот менталитет е таков што не дозволува никакви потешкотии да ја запрат во потрагите“, коментира нејзината ќерка Рут Голдман за Сиетл Тајмс.

Пешачењето 10 километри низ скоро метар снег за да стигнете до местото за вакцинација не е ништо, во споредба со она низ што поминала 90-годишната Френ Голдман за да ја добие.

„Се јавував за да закажам вакцинации насекаде, секое утро, секое попладне и често бев онлајн ноќе“, рече Голдман.

Минатиот петок Голдман се поврзала со Детската болница во Сиетл, која обезбедуваше вакцини. Таа поминала низ сите прашања очекувајќи ќорсокак, но на нејзино изнедување се отворил слободен термин, при што ја прашале во кое време сака да дојде.

„Не можев да им верувам на моите очи“, рече Голдман. „Морав да ги тргнам очилата за да видам дали навистина можам да ја видам“.

Таа закажала термин за во недела наутро во 9:10 часот, не знаејќи дека започнало снежното невреме.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=mKBNjvsCSrI&feature=emb_title[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk