logo
logo
logo

Кој го доби овој МОНСТРУМ ОД 3,2 МИЛИОНИ ДОЛАРИ за Валентајн

Vecer | 21.02.2021

Кој го доби овој МОНСТРУМ ОД 3,2 МИЛИОНИ ДОЛАРИ за Валентајн

Уникатниот Bugatti Chiron Sport е веројатно еден од најскапите подароци што една дама ги добила за Денот на заљубените, за Свети Валентајн.

Љубовта кон саканата личност може да се изрази на илјада начини, а мажите често користат подароци за тоа.

Анонимен романтичар од длабок џеб и подари на својата сакана Алиса уникатен автомобил, специјално дизајниран за неа, за Денот на заљубените.

Супер спортскиот Bugatti Chiron Sport го нарачал познатиот дилер на луксузни автомобили од Лондон, компанијата Х.Р. На сопственикот Овен му биле исплатени неверојатни 3,2 милиони долари за ова уникатно возило.

Двобојното тело на колата е обоено во нијанса на свилена роза и мат блан, додека внатрешноста е тапацирана во кожа и алкантара во боја на Грис Рафале.

Автомобилот е уникатен не само поради неговата комбинација на бои, туку и поради името „Алис“ извезено на потпирачите за глава.

Овој Chiron Sport има и малку полесна каросерија и се напојува со познатиот 8.0-литарски W16 четири-турбо мотор на Bugatti, кој произведува чудесни, монтсруозни 1.500 коњски сили.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk