logo
logo
logo

ПОЛАДНЕВНА ДРЕМКА: Колку треба да трае за да биде ЗДРАВА

Vecer | 17.02.2021

ПОЛАДНЕВНА ДРЕМКА: Колку треба да трае за да биде ЗДРАВА

Бројни експерти советуваат дека не секој попладневен одмор е добар, затоа, тие не советуваат возрасните да спијат попладне, освен ако таа дремка трае помалку од 40 минути.

Во спротивно, внатрешниот часовник и циклусите на спиење на телото може да бидат нарушени.

Човекот е биолошки „програмиран“ да спие поголем дел од ноќта и да одмори кратко еднаш во текот на денот. Имено, температурата на нашето тело паѓа помеѓу 13 и 15 часа, што прави да се чувствуваме поспани во тоа време.

Попладневната дремка нуди различни придобивки за здрави возрасни лица, вклучувајќи:

- Релаксација

- Намален замор

- Зголемена будност

- Подобрено расположение

- Подобри перформанси, вклучително и побрзи реакции и подобра меморија

Сепак, експертите тврдат дека спиењето попладне не е безбедно. Ново истражување покажа дека спиењето попладне повеќе од 40 минути го зголемува ризикот од повеќе физички нарушувања.

Студијата покажала поврзаност помеѓу попладневно дремење и развојот на метаболички синдром, вклучувајќи дебелина, висок крвен притисок и покачен холестерол.

Според резултатите од истражувањето, телото „мисли“ дека е во состојба на длабок сон што значително влијае на метаболизмот. Поради ова, вие навистина може да бидете поуморни отколку претходно

Клучот е всушност должината на спиењето. Луѓето кои спијат максимум половина час попладне се чувствуваат поодморено, „појасно“ и подобро. Ако се појави длабок сон, мозокот оди во фаза на „бавен бран“, по што се чувствуваме уморни и дезориентирани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk