logo
logo
logo

Што се крие зад новата фотографија на принцот Хари и Меган?

Vecer | 15.02.2021

Што се крие зад новата фотографија на принцот Хари и Меган?

Тричленото семејство на војводата и војвотката од Сасекс наскоро ќе стане четиричлено, бидејќи Меган Маркл го очекува своето второ дете со принцот Хари.

Среќната вест беше објавена во неделата на 14 февруари, а ја потврди и портпаролот на парот: „Можеме да потврдиме дека Арчи ќе биде голем брат. Војводата и војвотката од Сасекс се пресреќни што го чекаат своето второ дете.“

Најавата беше дополнета со нова фотографија од парот, снимена од нивниот пријателк Мисан Хариман. Црно-белата фотографија го покажува парот во градина, насмеаната Меган ја потпира главата во скутот на принцот Хари, со раката на нејзиниот стомак. Иако нејзината бременост е јасно видлива, проценетиот датум на породување допрва треба да биде објавен.

Хариман на Инстаграм напиша:

„Мег, јас бев таму на вашата венчавка за да сведочам за започнувањето на оваа љубовна приказна, и моја пријателке, чест ми е што можам да го доловам моментот кога таа приказна расте. Честитки за војводата и војвотката од Сасекс за оваа радосна вест!“

Британските медиуми пренесуваат реакција на Бакингемската палата на веста дека Хари и Меган го чекаат своето второ дете: Нејзиното височество, војводата од Единбург, принцот од Велс и целото семејство се воодушевени и им посакуваат добро“.

Кралското семејство било претходно известено за бременоста.

Двојката веќе се родители на Арчи Маунтбатен-Виндзор, кој е роден на 6 мај 2019 година.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk