logo
logo
logo

Коментар кој не сака да го слушне ниту една мајка: Имате само едно дете? Едно како ниедно!

Vecer | 15.02.2021

Коментар кој не сака да го слушне ниту една мајка: Имате само едно дете? Едно како ниедно!

Имате само едно дете? Кога второ? Верувам дека скоро секоја мајка со едно дете го добила ова прашање. Иако е вообичаено прашање, сепак морам да истакнам дека е некултурно. Па дури и да го прашате како шега, пишува Барбара Јагодиќ во својата колумна за Dnevnik.hr.

Во продолжение ви ја пренесуваме интегрално:

Имате само едно дете? Кога второ? Верувам дека скоро секоја мајка со едно дете го добила ова прашање. Иако е вообичаено прашање, сепак морам да истакнам дека е некултурно. Па дури и да го прашате како шега.

А сепак вие, најљубезно ќе се насмевнете на прашањето и ќе дадете одговор дека и со едно ви е тешко.

На ваков одговор добивате реплика “Чекај чекај. Ќе видиш што е тешко со две. Едно како ниедно”

Не знам вие како гледате на вашето дете, но за мене моето дете не е “ниедно”. Дали тоа што имам едно дете, не ме прави мајка? Или моето дете не го прави дете? Кога точно се станува родител? На едно или на две деца?

Што им велат родителите со 10 деца на оние со две? Како би се чувствувале вие кога некој ќе ви каже "Вистинско богатство е само ако имаш 10 деца". Споредбите ја убиваат радоста.

Дозволете ми да ја раскажам нашата приказна за да разберете подобро зошто не ми се допаѓаат ваквите коментари.

Нашето дете, она "едно како ниедно", дојде на свет по осум ин винтро обиди. И по неколку спонтани абортуси. И кога ќе ми кажете дека моето едно дете е како ниедно, па дури и на шала, мене воопшто не ми е пријатно. Можеби на некому му е интересен вашиот коментар, но мене не ми е.

Јас се уште плачам кога ќе се присетам на сите наши обиди за дете, на сите разочарувања и солзи.

Ставете се во ситуација барем за миг кога вие би се обидувале со години да родите едно дете? Што да правам јас со вашите коментари дека моето дете ќе биде мизерно ако нема браќа и сестри?

Знам дека голем број од луѓето што ги поставуваат ваквите прашања немаат лоша намера. Исто така знам дека немаат ни трошка култура и не планираат да престанат да чепкаат по туѓи кревети.

Откажете се од тие мали муабети и прашајте нешто друго.

И не се чудете кога на тоа прашање ви одговарам со “Да го вратам ако не? Бидејќи ништо не вреди?”

Сосема е во ред да имате едно, две или десет деца. Но да мислите дека сте подобар родител затоа што имате повеќе деца не е во ред. Животот и успехот не се мерат во тоа кој има повеќе деца.

Дали сте биле добри родители ќе видите кога детето ќе има 18,30 или 50 години. Можеби она едно – женско ќе биде многу подобро од вашите три сина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk