logo
logo
logo

Зошто жените треба да го направат ПРВИОТ ЧЕКОР

Vecer | 01.02.2021

Зошто жените треба да го направат ПРВИОТ ЧЕКОР

Сте забележале дека кога на жена и се допаѓа некој маж поретко се осмелува да го направи првиот чекор. Многу жени се плашат од одбивање, па претпочитаат да ја пропуштат шансата кај симпатијата.

Неодамнешно истражување покажа дека мажите многу почесто ги покажуваат своите симпатии на мрежите отколку припадничките на понежниот пол. Истражувањето било спроведено меѓу жени од сите возрасти кои се осмелиле први да пристапат 3 до 4 пати, додека мажите биле многу похрабри - први во просек пристапувале од 9 до 15 пати.

Стејси Кајзер, психотерапевт, смета дека многу жени сè уште се придржуваат до старомодните традиции и се потпираат на мажите, верувајќи дека тие треба да го направат првиот чекор.

Жените се плашат да не бидат одбиени

Жените на апликациите за запознавање не сакаат да им пишуваат први на мажите што им се допаѓаат. Многумина веруваат дека ниту една припадничка на понежниот пол не треба да започнува да флертува или да покажува интерес, и да го остави тоа за „посилната половина“.

На апликациите, жена може да ги зголеми своите шанси да излезе со маж кој е привлечен за неа, доколку прва му пристапи.

Дури 30% од тие пораки се претвораат во разговор. Жените имаат 2,5 пати поголема веројатност да добијат одговор доколку први испратат порака.

Стејси ги советува жените да бидат лежерни кога ќе започнат врска и да не прават голема драма за „правилата за запознавање“. Ако сте испиле кафе набрзина или сте биле на краток ручек или вечера немојте веднаш да го наречете тоа љубовна врска.

Пред околу десет години, дружењето преку Интернет не беше вообичаено, но денес стана сосема природно. Сепак, единствената норма што допрва треба да се промени е кој ќе го направи првиот чекор.

Затоа жените кои ги прават првите чекори имаат голема предност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk