logo
logo
logo

8 години биле најдобри пријателки, па ја дознале БОЛНАТА ВИСТИНА!

Vecer | 03.03.2021

8 години биле најдобри пријателки, па ја дознале БОЛНАТА ВИСТИНА!

Касандра Медисон (32) и Џулија Тинети (31) од Конетикат во 2013 година почнале да работат заедно и веднаш се зближиле, не знаејќи колу навистина се поврзани. Касандра на раката имала истетовирано знаме на Доминиканската република, а штом Џулија го забележала тоа и рекла дека потекнува од таму и дека како мала ја посвоило семејство од Конетикат. Касандра била изненадена дека приказната за нејзиното потекло е речиси идентична, па брзо станале пријателки.

Се повеќе време поминувале заедно, а луѓето не ретко им велеле дека се мошне слични физички. Тоа го забележале и самите, па решиле да ги погледнат документите за посвојување, но за жал, тие не се совпаѓале. Името на мајките, презимето и местото на раѓање биле различни.

 

 

Поминале неколку години кога Касандра решила да го посети своето биолошко семејство и после неколку разговори со нив дознала дека има сестра, која е исто така посвоена. Се и раскажала на Џулија, па направиле ДНК тест кој потврдил дека се сестри.

Нивните биолошки родители имаат вкупно девет деца - три сина и шест ќерки, но кога се родиле Касандра и Џулија сфатиле дека немаат услови да ги издржуваат, па ги дале на посвојување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk