logo
logo
logo

7 НАЈСКАПИ ПАРФЕМИ ВО СВЕТОТ: Шишенцата уметнички дела, а мирисот незаборавен

Vecer | 30.01.2023

7 НАЈСКАПИ ПАРФЕМИ ВО СВЕТОТ: Шишенцата уметнички дела, а мирисот незаборавен

Добриот парфем не е само убав мирис, туку и продолжување на вашиот карактер. Велат дека мирисот е едно од нашите најсилни сетила, а вистинскиот парфем остава впечаток кој не се заборава лесно. Имајќи го тоа на ум, ви ги откриваме 7-те најскапи парфеми од целиот свет.

Hermès 24 Faubourg, 1500 долари

Кога ќе го слушнете зборот Hermès, сигурно најпрво помислувате на елегантни кожени чанти, врвни часовници и накит. Но, оваа модна куќа во своето портфолио има и неколку реномирани парфеми. Парфемот Hermès 24 Faubourg е именуван по адресата на нивната водечка продавница во Париз. Во продажба се пуштени само 1000 шишиња од овој ултра редок парфем, а секое е направено од прекрасниот Св. Луј кристал и содржи прекрасни мирисни ноти на цвет од портокал и ванила.

 Hermes-24-Faubourg.jpeg

 

Clive Christian No. 1, 2150 долари

Clive Christian, еден од водечките светски брендови, е познат по многу елегантните кујни. Истото чувство за стил го пренесе и во светот на парфемите кога во 2001 година го понуди ексклузивното издание Clive Christian No.1 . Парфемот е достапен во две линии - за мажи и жени, а доаѓа во рачно изработено кристално шише со сребрен врат обложен со 24-каратно злато.

 Clive-Christian-No.-1-Imperial-Majesty.jpg

 

Chanel Grand Extrait, 3500 долари

Создаден во 1921 година во соработка помеѓу Коко Шанел и парфимерот Ернест Бо, Шанел N°5 има многу високо потекло во светот на врвните мириси. Grand Extrait е специјално издание за колекционери - во луксузно шише од речиси половина литар, со највисоки екстракти na состојки (што го прави најдолготрајно), а се прави само по нарачка.

 chanel-n-5-eau-de-parfum-vaporizer-luxury-fragrances-200-ml.jpg

Baccarat Les Larmes Sacrees de Thebes, 6800 долари

Производителот на кристали со неверојатна репутација долга речиси 300 години, Baccarat влезе во светот на мирисите во деведесеттите. Резултатот е еден од најскапите парфеми во светот, а беа пуштени само три шишиња. Можеби не треба да ве чуди што изгледот на шишињата е нивната главна продажна точка: тие се во форма на пирамида и се направени од рачно обработен кристал со затворач од аметист.

 Baccarat-Les-Larmes-Sacrees-de-Thebes.jpeg

 

Clive Christian No. 1 Imperial Majesty, 12.722 долари

Број еден е вториот парфем на Clive Christian на оваа листа и моментално е трет најскап мирис во светот. Парфемот е создаден од познатиот британски парфимер Рој Дов и содржи ароматична цветна мешавина која вклучува масло од роза, јасмин и тахитска ванила. Дизајнот на шишето одлично се совпаѓа со името на парфемот, а вратот е украсен со 18-каратно злато и 5-каратен дијамант.

 Clive-Christian-No.-1.jpg

DKNY Golden Delicious, 1 милион долари

До неодамна најскапиот парфем во светот, ова специјално издание Golden Delicious е единствено од ваков вид во светот. Парфемот е дизајниран за добротворни цели, а целиот приход од неговата продажба е дониран на Action Against Hunger, хуманитарна организација посветена на ставање крај на гладот ​​во светот. Организацијата им помага на неухранетите деца и обезбедува пристап до вода и храна за ранливите заедници. Парфемот е резултат на повеќе од 1.500 часа макотрпна работа на златарите бидејќи шишето содржи 2.909 скапоцени камења, вклучувајќи 2.700 бели дијаманти, 183 жолти сафири, кабошон сафир од Шри Ланка, тиркизен турмалин од Бразил, четири дијаманти исечени во дорма на рози и 15 брусени розови дијаманти од Австралија.

 DKNY_Golden_Delicious.jpg

 

Shumukh, 1,29 милиони долари

Лансиран во март 2022 година во салата за балови Армани, голема сала во највисоката зграда во светот наречена Бурџ Калифа, Шумук е неверојатна комбинација на состојки што вклучува индиско агар дрво, сандалово дрво, мошус, турска роза и неколку други кои не се објавени.

Парфемот го дизајнирал Асгар Адам Али, познат парфимер од Дубаи. Пакувањето е уметничко дело и има кожена витрина висока речиси два метри што се отвора за да открие шише украсено со симболи на наследството на ОАЕ: три арапски чистокрвни коњи излеани во злато, три сребрени школки со вистински бисери, а има и три рози во розово злато и дијамантска прашина и мал глобус со златни континенти. Три мермерни столбови се издигнуваат од основата до златна купола на која седи златен сокол обложен со дијаманти. Непотребно е да се каже дека во моментов постои само едно шише, што го прави исклучително ретко и без сомнение само ќе ја зголеми вредноста со текот на времето.

 

 Shumukh-parfem.jpeg

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk