logo
logo
logo

7 начини на кои несигурните луѓе си даваат на значење: Секогаш се зафатени и во гужва

Vecer | 21.06.2021

7 начини на кои несигурните луѓе си даваат на значење: Секогаш се зафатени и во гужва

Дека сте во присуство на луѓе кои сакаат да ја истакнат својата важност, најмногу ќе препознаете по инфериорното чувство кога сте со нив. Понекогаш од необјасниви причини во нивно друштво покритични сте кон себе си и се прашувате дали е можно да сте направилетолку многу грешки. Ви олеснува кога ќе се оддалечите од нив и можете да се опуштите за да бидете тоа што сте.

Луѓето кои се чувствуваат инфериорни, честопати се поставуваат на пиедестал за да го намалат сопственото чувство на слабост, пишува Psychology Today.

Виенскиот психоаналитичар Алфред Адлер беше еден од првите теоретичари што опишаа како работи нивниот ум и ја дефинираше „тенденција кон супериорност“.

Адлер, кој исто така го смисли поимот „комплекс на инфериорност“, верува дека луѓето кои се убедени во сопствените слабости ќе изградат надворешна слика за себе во која ќе вложат големи напори да се претстават во најповолно светло, со што ќе избегнат да се соочат со лошата слика за себе.

Теоријата на Адлер стана основа за многу студии за самодоверба и идентитет. Таа поделба помеѓу реалното (т.е. слабото) и идеалното (т.е. супериорното) себе може да се смета за основа за неуспехот во пронаоѓањето на вистинско исполнување во животот.

1. Несигурните луѓе секогаш брзаат. Нивниот распоред е секогаш полн и ретко кога ќе имаат време за вас. Тие ќе го погледнат својот часовник, ќе го погледнат телефонот, ќе одат невообичаено брзо и генерално ќе изгледаат вознемирено и исцрпено. Тие се водени од тезата дека колку  сте повисоко на општестевеното или кариерно скалило толку помалку луѓето можат да си дозволат да се дружат или да се релаксираат.

2. Обичните настани се преозначуваат со термини што треба да ја импресионираат околината. Изрази како „состанок на управниот одбор“, „конференциски повик“ или „извршен одбор“ звучат како овие да се настани резервирани само за најуспешните. „Состанок на одборот“ можеби не е повеќе од собир на пријатели кои планираат да соберат средства за некој добротворен настан, но сигурно звучи како некој да е на ексклузивна листа.

3. Тие често оставаат впечаток дека се зафатени со сериозни настани во нивните животи, пишува Psychology Today. Тие честопати се многу загрижени, па за да дадат слика за сопствената важност, тие избегнуваат да изгледаат опуштено или лежерно. Тие се намуртени или замислени и се чини дека имаат многу на ум.

4.Ја користат опцијата за недостапност на е-поштата. Колку е воопшто паметно да имате ваков вид автоматски одговор, да ги информирате луѓето дека сте „премногу зафатени за да одговорите веднаш“ или дека „не сте во канцеларија“ е дискутабилно.

Оние што ќе се решат на овој чекор сакаат да создадат впечаток дека се многу барани и дека времето им е исполнето со многу важна работа, па ако им испратите некоја забавна пошта - тие најверојатно нема да одговорат или ќе одговорат неколку дена подоцна. На работа, ако се во позиција, тие понекогаш ќе додадат како одговор дека луѓето можат да контактираат со нивниот асистент во случај на итност.

5. Тие ќе ве натераат да ги чекате. Тие  ќе ви закажат состанок со вас (на пример обично кафе) и никогаш нема да пристигнат први. Тие дури честопати ќе доцнат за да изгледаат многу зафатени и да ви дадат впечаток дека е привилегија што одвоиле малку од своето време. Принудувајќи ве да чекате, ставени сте во инфериорна позиција, што одговара на нивната потреба да се чувствуваат супериорно.

6. Претеруваат во своите достигнувања на социјалните мрежи. Луѓето кои се стремат кон супериорност не се срамежливи во споделувањето содржина што фрла „добро светло“ врз нив. Нивните објави на Фејсбук или Инстаграм ќе бидат исполнети со ситуации во кои тие изгледаат сериозно и зафатено - на работа, за време на телефонски повик или во ситуација што дава впечаток дека се многу зафатени и добри во она што го прават.

7. Тие се однесуваат како да се најпаметни во општеството. Ако се чувствуваат загрозено, а другите се попаметни кон нив, ќе се чувствуваат ирационално предизвикани. Затоа, во секој разговор тие ќе се обидат да се истакнат со своето знаење за предметната тема.

Дури и ако тие навистина не знаат за што зборуваат, тие ќе принесат цел спектакл (говор) во надеж дека ќе ја измамат публиката. Непотребно е да се каже, тие ќе ги отфрлат вашите придонеси како неважни или како информации што веќе ги знаеле, се разбира.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk