logo
logo
logo

60 килограми полесна, Кели Озборн ја откри ТАЈНАТА!

Vecer | 26.05.2021

60 килограми полесна, Кели Озборн ја откри ТАЈНАТА!

Кели Озборн на Инстаграм покажа драстична промена на имиџот и призна како стигнала до таков изглед.

Кели (36) позираше со две пунџички  со виолетова коса која е нејзин заштитен знак веќе некое време, но она за што сите зборуваат е драстично слабеење што доведе до сосема нов изглед. Ќерката на легендарниот рокер Ози и Шерон Озборн никогаш не била послаба, а нејзините следачи тоа го забележаа.

Кели во август минатата година откри дека била на тајна операција на желудникот за да ослабе.

"Бев на операција и не ми е гајле што мислат другите за тоа. Успеав и горда сум на себе. Пред две години го сменив обликот на желудникот. Никогаш, ама никогаш нема да лажам за тоа, бидејќи тоа е најдоброто нешто што некогаш сум го направила во животот,“

Во неодамнешното интервју за Холивуд Рау таа детално ги опишла инјекциите и третманите за кои се одлучи за да го промени обликот на лицето и вилицата, исто така затоа што сакаше да изгледа што е можно послабо и покрај дисфункцијата на вилицата која ја имала.

"Го сменив обликот на моето лице. Имав силна форма на дисфункција на вилицата и една од работите што лекарите ја презедоа за да ја спречат беа оние инјекции по кои почнав да изгледам послба. Луѓето тогаш забележаа дека навистина изгубив тежина затоа што целосно се сменив", објасни Кели.

Во мемоарите што ги напиша и објави во 2017 година, Кели зборуваше за борбата против вишокот килограми и злоупотребата на дрога. Пред да замине на операција, мораше да се отрезни и да биде чиста за да може да носи важни и големи одлуки.

"Прво морав да станам среќна. Морав да ја поправам состојбата во мојата глава пред да го поправам телото. Никогаш не започнувајте вакво нешто освен ако не сте размислиле. Престанав да пијам што е и најдобрата одлука што ја донесов и навистина сакав да ги поправам работите кои ме скршија. Јас не сум совршена, сè уште правам многу грешки, паѓам, но исто така станувам “, рече Кели.

Таа додаде дека од еден пијалок на ден, завршила со три испиени шишиња шампањ за еден ден и 24 жестоки пијачки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk