6 факти за долната облека при фитнес-тренинг

Да се носи или не долна облека под црните растегливи хеланки е само едно од многубројните прашања што си ги поставуваат жените. Еве неколку работи што треба да ги знаете за хигиената на вашата долна облека.

1) ДА СЕ НОСИ ИЛИ НЕ ДОЛНА ОБЛЕКА?

Дали ќе носите или не, тоа е ваш избор, но постојат неколку важни причини што зборуваат дека сепак треба да носите. Бактериите ја сакаат влажната и топла површина, па затоа добро е да носите долна облека бидејќи во неа ќе се впијат потта и влагата. Изборот на долна облека од одреден материјал е многу важен ако тренирате или ако посетувате фитнес-центар. Изберете материјал со поголема моќ на впивање.
2) ТАНГИТЕ НЕ ВИ СЕ ПРИЈАТЕЛИ

Иако многу жени не сакаат да одат на тренинг или во фитнес-центар во гаќички што им се оцртуваат на тренерките, па затоа користат танга, треба да размислите и за негативните страни на тоа.
Обично тангите се тесни и додека вежбате, тие мрдаат напред-назад и така бактериите од анусот можат да стасаат до вагината или до уринарниот тракт. Ова триење и загревање може да доведе до уринарни и до вагинални инфекции, без оглед на видот на ткаенината.

3) ИЗБЕГНУВАЈТЕ САТЕН

Избегнувајте сатен и тантела бидејќи ниедна од овие ткаенини не дише, а тантелата може да ви предизвика иритација. Најдобра ткаенина за вежбање е онаа што дише и што впива – добар е памукот, а за движењата што се повторуваат, како трчање, купете долна облека со рамни краеви што не се абразивни.

4) АКО САКАТЕ МОЖЕТЕ ДА СЕ ДЕПИЛИРАТЕ СО ВОСОК

Многу жени сакаат да немаат влакна на интимните места бидејќи сакаат да се чувствуваат почисто, па се бричат и се депилираат, но тоа може да има и спротивен ефект. Срамните влакна постојат за да ги заштитат гениталиите и чувствителната кожа во тој дел. Кога ќе ги отстраните, вие отстранувате многу важен заштитен слој и го зголемувате ризикот од добивање полово преносливи болести, воспаленија и инфекции.

Но ако морате да ги отстраните срамните влакна, восокот е подобар избор, особено ако имате осетлива кожа.

5) ПАМЕТНО ИЗБИРАЊЕ И ПРЕСОБЛЕКУВАЊЕ
Ако тренирате за многу важно случување, како тратлон или маратон, морате да бидтете дополнително внимателни со долната облека бидејќи ќе ја носите подолго. Однапред испланирајте што ќе облечете и внимавајте тоа да не биде долна облека што ви ја трие кожата.

Кога се работи за водени спортови, топлината и влажноста се најлош непријател поради тоа што го поттикнуваат развојот на бактерии, па може да дојде до уринарни или вагинални инфекции. Најдобро е да носите дводелен костим за капење и еден резервен со себе за да можете да се пресоблечете ако долго време поминувате во вода.

6) „ОНИЕ" ДЕНОВИ

Нема потреба да носите „пензионерска" долна облека за време на менструацијата или да избегнувате да одите во фитнес-центар. Денес постојат многу начини како се заштитите од крварењето. Тампонот ќе предизвика помалку триење на вулвата, но вие носете го на што ви е попријатно.

Поврзани

Најнови вести

Коментари