Актерот Марко Макор, кој глумеше гангстер во филмот награден во Кан, е обвинет дека се претставувал како полицаец во организиран грабеж насочен кон постари лица. Актерот наводно украл повеќе од 700 илјади евра како едno од 29. лица кои се претставувале како полицајци или адвокати и на тој начин мамеле постари и им ги краделе заштеди и накит.
39-годишникот, познат по улогата на Марко во филмот „Гомора“ од 2008 година, е уапсен од полицијата за време на викендот во Џенова заедно со остатокот од неаполската банда. Групата наводно ги мамела жртвите преку телефон, информирајќи ги дека член на семејството учествувал во несреќа и дека итно му требаат пари за да избегне апсење.
„Постарите луѓе се чувствувале виновни ако не им помагаат на своите роднини. Според италијанскиот закон, не е неопходно да се плати одредена сума пари за да се избегне апсење или гонење“, изјави за Телеграф Алесандро Магро од италијанската полиција. Групата се обидела да измами околу 50 постари лица помеѓу април 2022 година и март 2024 година. Уапсениот актер наводно патувал од Неапол во други делови на Италија за да собере пари од жртвите.
Филмот „Гомора“ е инспириран од истоимениот роман на Роберто Савијано, во кој заплетот се врти околу криминалните активности на Камора во регионот Кампанија во Неапол. Филмот освои Гран при на Канскиот филмски фестивал, а подоцна беше претворен во ТВ-серија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата