За да го спаси повреденото куче, германската полиција накратко ги затвори двете ленти на автопатот 93 во округот Регенсбург, Баварија. Со помош на пожарникари, избеганиот мелез беше вратен дома, повреден, но жив.
Во саботата, кучето избегало од дома и било удрено од автомобил на автопатот. Повредено, тоа се довлечкало на крајот од патот и лежело рането во близина на заштитната ограда помеѓу коловозните ленти, пишува dpa.
Во неделата некои минувачи го забележале таму и ја известиле полицијата. Поради опасноста кучето повторно да истрча на патот, полицијата ги затворила двата правци на автопатот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата